Александер Кристоф
Александер Кристоф (норвешки: Alexander Kristoff; р. 5 јули 1987 во Осло) — норвешки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Интермарше-Сиркус-Ванти.[2] Го освоил националното друмско првенство во 2007 и во 2011 година.[3] Негови најголеми победи се Милано-Санремо 2014 и Трката околу Фландрија 2015 меѓу другите успеси. КариераРана кариераНа шест години, се преселил од Осло во Ставангер. Неговиот очув го заинтересирал во велосипедизмот, отколку во фудбалот. Тој започнал да вози за Ставангер СК. На 16 години, го освоил норвешкото првенство за млади и завршил четврти на Олимпијадата за млади.[4] Тој станал професионалец во 2006, кога започнал да вози за Глуд & Марстранд Хорсенс. Во 2007, тој станал норвешки друмски првак на 19, победувајќи го Тор Хушовд во спринт од четири возачи.[5] Катјуша (2012-2017)Го освоил бронзениот медал на друмската трка на Летните олимписки игри 2012 во Лондон.[6] 2014Во 2014 година, Кристоф го освоил италијанскиот класик Милано-Санремо победувајќи го Фабијан Канчелара при спринт. Подоцна истата година, Кристоф освоил две етапни победи на Тур де Франс освојувајќи го второто место зад Петер Саган во бодовниот пласман. Подоцна, оваа сезона, Кристоф освоил уште една победа кога победил на Ватенфал Класик, како и Трката околу Франкфурт во мај. Вкупно освоил 14 победи во сезоната 2014. 2015Во 2015 година, Кристоф имал многу добар почеток во неговата сезона со три етапни победи на Трката околу Катар, притоа освојувајќи ја спринтерската маичка. Наскоро прославил уште една етапна победа на Трката околу Оман. На 1 март бил претекнат од Марк Кевендиш и го освоил второто место на Курне-Брисел-Курне.[7] Освоил уште една спринтерска победа на Париз-Ница, додека се подготвувал за Милано-Санремо. Се надевал за повторна победа на трката, но Џон Дегенколб бил подобар од него во спринтерската завршница и се нашол на престижното второ место.[8] Во месец март, останал покус за место на подиумот на Е3 Харелбеке, завршувајќи на четвртото место.[9] Потоа учествувал на Три дена Де Пане, каде бил дел од бегство на шесторица на првата етапа и ја освоил во спринт на мала група, додека бил предводен од неговиот колега Свен Ерик Бистром.[10] Го повторил тоа следниот ден, овој пат во масовен спринт.[11] Кристоф исто така победил на етапата 3а, масовен спринт каде го поминал за многу мал дел од секундата Андре Грајпел. Со бонус секундите освоени на етапата го освоил генералниот пласман по завршувањето на третото место на етапата 3б, краток поединечен хронометар.[12] Во април, Кристоф победил на престижната трка, Трката околу Фландрија. Нападнал на околу 30 километри пред целта со Ники Терпстра и подоцна победил во меѓусебниот спринт.[13] Три дена подоцна Кристоф го освоил спринтерскиот полукласик Шелдепрејс,[14] станувајќи првиот кој победил на Три дена Де Пане, Трката околу Фландрија и Шелдепрејс во истата сезона. Кристоф завршил десетти на Париз-Рубе, по што земал пауза од трките. Се вратил на Трката околу Норвешка, каде завршил осми, притоа освојувајќи две етапи.[15] Кратко потоа учествувал на Трката на Фјордовите, каде преовладал со спринтот, освојувајќи три етапи, бодовниот пласман и деветтото место во генералниот пласман.[16] Исто така, ја освоил седмата етапа на Тур де Свис за влакно пред Петер Саган. Саган се одвоил од заветрината на Кристоф обидувајќи се да го претекне во последните метри, но не успеал.[17] 2016Во 2016 година ја започнал сезоната со три етапни победи на рамната Трка околу Катар, завршувајќи на второто место во генералниот пласман зад Марк Кевендиш.[18] 2017Во август 2017 година, Кристоф ја освоил друмската трка на Европското првенство во Данска.[19] ОАЕ Тим Емирати (2018-2021)Подоцна во август 2017 година било потврдено дека Кристоф потпишал првично двегодишен договор со ОАЕ Тим Емирати почнувајќи од сезоната 2018.[20] Таму заминал со сонародникот Свен Ерик Бистрем.[21] 2018Кристоф ја започнал својата прва сезона со својата екипа на Трката Дубаи. После тоа настапил на уште две етапни трки на Средниот Исток.[22] На Трка околу Оман ја освоил шестата и завршна етапа.[23] Неговата втора победа во сезоната била на воведната етапа на Трката Абу Даби.[24] Ја освоил последната етапа во спринт на Шанзелизе на Тур де Франс 2018. 2019Во јуни 2019 година, Кристоф го продолжил својот договор со ОАЕ Тим Емирати за уште две години, до крајот на сезоната 2021.[25] 2020Во август, Кристоф ја освоил воведната етапа на Тур де Франс, при што ја освоил жолтата маичка.[26] Следниот ден ја изгубил маичката од Жилијан Алафилип на високопланинската етапа.[27] Личен животКристоф се оженил со Марен Комедал во Ставангерската катедрала во октомври 2014 година[28] и двојката има четири деца.[29] Достигнувања
Распоред на резултатите на класиците
СО = се откажал Распоред на резултатите на големите трки
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia