Здењек Штибар
Здењек Штибар (чешки: Zdeněk Štybar; р. 11 декември 1985) — чешки професионален велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Судал Квик-Степ.[1] Се натпреварувал како велокрос велосипедист, а од 2011 ја продолжил својата кариера во друмскиот велосипедизам, но сепак продолжил да вози на некои велокрос трки. Кариера![]() По последователните втори места во 2008 и 2009, Штибар победил на Светското велокрос првенство на домашен терен. Во 2011 го освоил Светското првенство по вторпат. Во 2012 остварил победа во друмскиот велосипедизам преку етапа на Четири дена Динкерк. Во 2013, Штибар стигнал шести на Париз-Рубе. Бил во можност за победа, додека бил дел од водечкото трио со Сеп Ванмарке и Фабијан Канчелара, кога удрил во гледач, што го забавило во однос на останатите. Се обидел да се врати до двајцата напред, но без никаков успех.[2] Во август истата година, Штибар ја освоил трката Енеко Тур – дел од Светската турнеја на UCI – освојувајќи две етапи на самата трка.[3] Подоцна истиот месец, Штибар ја освоил седмата етапа на Вуелта а Еспања 2013 победувајќи го светскиот првак Филип Жилбер.[4] Во 2014 година, Штибар го освоил Светското велокрос првенство по третпат во жестока борба со бранителот на титулата Свен Нис.[5] На Енеко Тур 2014, Штибар ги почувствувал челичните прегради на четвртата етапа близу целта и морал да оди во болница.[6] Ги скршил и ги изгубил неговите предни заби во падот.[7] По неговото враќање се жалел до Меѓународниот велосипедистички сојуз дека истите опасни прегради биле користени на Гран при Квебек.[8] Негова прва победа по неговото враќање била Бинше-Шиме-Бинше, каде нападнал на два километри до целта на мало искачување со калдрма откако тргнал по колегата Ники Терпстра на подножјето на искачувањето. Штибар имал време да прослави, доаѓајќи две секунди пред Џон Дегенколб и останатите спринтери.[9] Во 2015 година, Штибар го освоил италијанскиот класик Страде Бјанке. Исто така имал одлична белгиска класична сезона. Завршил втор на Е3 Харелбеке зад Герајнт Томас.[10] На Трката околу Фландрија, неговите вештачки предни заби скршени во 2014 година му отпаднале при возењето на искачување со калдрма и морал да ги извади. Успеал да заврши на трката на деветтото место.[7] Го освоил второто место на Париз-Рубе, откако бил претекнат од Џон Дегенколб на велодромот во Рубе.[11] ![]() Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2015.[12] Остварил успех на шестата етапа, каде забрзал на кратката, но стрмна нагорнина на неколку стотици метри пред целта. Се одржал пред Петер Саган, поминувајќи ја целта со две секунди предност пред намалената група.[13] Штибар завршил втор на Страде Бјанке 2016 откако бил претекнат од бегалецот Фабијан Канчелара на целта во Сиена. Следната недела ја освоил втората етапа на Тирено-Адријатико 2016 по доцен соло-напад, за да го преземе водството на трката.[14] Завршил седми на крајот на трката. Штибар завршил втор зад Грег ван Авермат на Париз-Рубе 2017, во спринтерската петочлена завршница на велодромот во Рубе.[15] Во мај 2018 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018.[16] Во 2019 година повторно завршил меѓу првите десет на Париз-Рубе, негов шести пласман меѓу првите десет на трката. ДостигнувањаВелокрос
друмски
Распоред на резултатите на класиците
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не настапил Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia