ХЕЦ „Вруток“
Вруток (Хидроелектрична централа „Вруток“ или ХЕЦ „Вруток“) — хидроцентрала, која е дел од хидросистемот „Маврово“,[1][2] со вкупен капацитет од 165,6 MW.[3] ИсторијаЦентралата била пуштена во работа во 1957 година, а изградбата на целиот хидросистем „Маврово“ започнала во 1947 година.[4] Во времето на Југославија, хидроцентралата го носела името ХЕЦ „Тито“.[5] Во 2014 година била извршена модернизација на сите четири агрегати и на придружната опрема, со што моќноста на електроцентралата била зголемена за дополнителни 18,3 мегавати и годишно производство од околу 50 гигават-часови. Модернизацијата била финансирана од ЕЛЕМ (9,5 милиони евра) и со кредит од банката KfW (27,1 милиони евра).[6] ОсобеностХЕЦ „Вруток“ е акумулациска хидроелектрична централа со установена моќност од 41,4 MW по агрегат, или вкупно 165,6 MW. Просечното годишно производство на електрична енергија е 350 GWh, а просечниот годишен доток е 278.000.000 м3 вода.[7] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia