Партија на слободни демократи

Партија на слободни демократи
ВодачЉупчо Јордановски († 2010)
Основана21 октомври 2007 (осн. собрание)
27 декември 2007 (судски заверена)
ШтабСкопје, Република Македонија
ИдеологијаЛиберализам
Меѓународна припадностнема
Европска припадностнема
Боисина и црвена
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Партијата на слободни демократи (ПСД)македонска политичка партија.

Историја

Партијата е формирана на 21 октомври 2007 година од поранешни членови на СДСМ поради незадоволство од партијата. За прв претседател е избран Љупчо Јордановски[1], кој таа функција за извршувал сè до својата смрт во октомври 2010 година. Со судска одлука партијата била регистрирана на 27 декември 2007 година.[2]

Учество на парламентарни избори

Партијата за првпат учествувала на парламентарните избори во 2008 самостојно каде што освоила 4.362 гласови (0,4%) и не освоила пратенички мандат. На следните избори партијата се приклучила на коалицијата предводена од СДСМ. На овие избори партијата повторно не освоила пратеничко место. Партијата не учествала на парламентарните избори во 2014 и 2016.

Симбол

Партискиот симбол е името на партијата напишана со бели букви на сина основа, на која има стилизирана црвена оригами птица во лет.

Наводи

  1. Дулови, Лирим (21 октомври 2007 00:00). „Јордановски избран за претседател на Партијата на слободни демократи“. А1. Посетено на 2010-10-07. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Слободните демократи и официјално на политичката сцена“. Утрински Весник. 11 јануари 2008. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2010-10-07.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya