Патишка Река (река)
Патишка Река — река - понорница во Македонија. Се наоѓа на скопска Сува Планина, јужно од Скопје, поминува низ истоименото село Патишка Река и се влева во Маркова Река[1]. Зафаќа сливно подрачје од 197,4 км2[1]. Извира собирајќи ги водите од гребенот Пепелјак на Караџица, протекува низ истоименото село Патишка Река од каде течејќи во северен и североисточен правец понира во месноста Присој близу исклучувањето на патот за Држилово, при што потоа се појавува во продолжение како Сува Река, влевајќи се во Маркова Река. Според записите на македонскиот револуционер Ѓорче Петров во книгата Материјали по изучувањето на Македонија, Патишка Река започнува да тече на Црн Врв недалеку од Салаковските Езера и надолу слегува по длабокиот дол помеѓу Караџица и Ибраимица[2]. За разлика од нејзиното продолжение Сува Река, Патишка Река, иако е покуса, е пополноводна и дотекува повеќепати и посилно, затоа што минува низ шумовити места[2]. Галерија
Наводи
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia