Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско[2] и муслиманско[3] население, каде имало 34 христијански и 34 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 93 мажи христијани, со 7 новороденчиња и 111 мажи муслимани со 12 новороденчиња. Било забележано дека двајца мажи муслимани со своите семејства се доселени тазе во Патишка Река. Се проценува дека селото во тој период имало 450 жители.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото
Доселеници:Сенцалар (20 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од селото Сенце во Горна Река; Готкалар (17 к.), Џавда (14 к.), Жуља (9 к.), Гушалар (9 к.), доселени се од Горна Река; Гегалар (13 к.) доселени се од селото Грекање во Горна Река; Жужња (4 к.) доселени се од селото Жужње во Горна Река; Ничпур (5 к.) доселени се од селото Ничпур во Горна Река. Сите доселеници од Горна Река имаат подалечно потекло од Албанија.
Македонски
Доселеници:Живко или Безика (1 к.) тие биле последни православни што живееле во селото. Овде живееле во 1950 година, по што се иселиле од селото. Во Патишка Река биле доселени од селото Пожаране кај Гостивар. Од тука во Констанца во Романија, и во Скопје има иселено преку 35 семејства до 1950 година.[14]
Галерија
Поглед на Патишка Река од падината на Сува Планина на северозапад
Поглед на Патишка Река од падината на Сува Планина на северозапад
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“