ПерлисОваа статија е за малезиска држава. За кибернетскиот научник видете Алан Перлис. 6°30′N 100°15′E / 6.500°N 100.250°E
Перлис (јави ﭬﺮليس) [1], е најмалечката држава на Малезија. Се наоѓа на северниот дел на западниот брег на Полуостровска Малезија и се граничи со тајландските провинции Сатун и Сонгхла на север. Перлис има вкупно население од 210.000. Етничкиот состав во 2000 г. изнесувал: малајци (174.805 или 79,74%), кинези (21.058 или 9,6%), индијци (2.658 или 1,21%) и други (20.690 или 9,45%). Главен град на Перлис е Кангар додека кралска престолнина е Арау. Друг поважен град е Паданг Бесар, на мналајско-тајландската граница. Главното пристаниште е малечкото село Куала Перлис, кој е најмногу поврзан со островот Лангкави. Во Перлис се наоѓа и фарма за змии која е главна туристичка атракција. Наводи
Надворешни врски
Галерија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia