Селангор
Селангор (џави: سلاڠور, нас. 7,2 милиони) е една од 13 те држави на Малезија. Се наоѓа на западниот брег на Полуостровска Малезија и се граничи со Перак на север, Паханг на исток, Негери Сембилан на југ и со Малајскиот мореуз на запад. Главен град е Шах Алам. Со државата уптавива султан. Потекло на поимотПотеклото на името Селангор се смета како „изгубено низ историјата“, но сепак според некои тоа потекнува од малајскиот збор selangau, 'големата мува', веројатно поради истпимената Селангорска Река. Според некои се смета дека името се развило од зборот Selang Ur што значи "земја на морските премини" (ur значи "земја" на тамилски, selang значи "морски премин" на малајски јазик). Селангор е познат и по арапскиот назив, Darul Ehsan ("Место на искреноста"). ДемографијаСелангор е најнаселената малезиска држава, со најголема агломерација на населението во Долината Кланг. Вкупното население изнесува 4.850.000 (2006 ; од кои малајци се 52,9%, кинези 27,8%, индијци 13,3% и други 6%.[1] Најголеми населени центри се Петалинг Џаја (2007 est. pop. 550.000), Шах Алам (500.000), Кланг (995.000) и Субанг Џаја-УЕП Субанг Џаја (400.000). НаводиНадворешни врски
![]()
|
Portal di Ensiklopedia Dunia