Теренгану4°45′N 103°0′E / 4.750°N 103.000°E
![]() Теренгану (џави: ترڠڬانو, порано спелувано како Тренгану или Трингану) е султанат и уставна држава на Малезиската Федерација. Државата е исто така позната и како Почесната Арапска Резиденција на Вербата ("Darul Iman"). Крајбрежниот град Куала Теренгану низ која тече истоимената Теренганска Река е најголемиот град и воедно седиште на султанатот. ГеографијаТеренгану е сместен на североисточниот дел на полуостровот Малаја, и на северозапад се граничи со Келантан, на југозапад со Паханг, и на исток со Јужнокинеското Море. Неколкуте острови од кои Перхентијански Острови, Капас и Реданг, се дел од државата. Вкупната површина на Теренгану изнесува 12.955 км2. ДемографијаТеренгану има вкупно население од 1.080.286 (2006 попис), од кои Малајците се 94,7%[1] од населението, додека Кинезите, 2,6%[1],Индијците 0,2%[1] и другите со 2,4%[1]. Во 2000, само 48,7% од населението живеело во урбатите центри; додека мнозинството било „рурално“[2]. Додела пописот во 2005 покажува дека 51% од вкупното население живее во урбаните средини, додека 49% во руралните[2]. Теренгану е поделен на административни дистрикти т.н. Daerah на малајски), од кои: ЈазикНародот на Теренгану генерално зборува на Теренгански малајски јазик, кој се разликува од стандардниот малајски и келантанески малајски , со исклучот на жителите од дистриктот Бесут и Перхентијанските Острови кои зборуваат келантанески. Административна поделба
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia