Путраџаја
02°55′N 101°40′E / 2.917°N 101.667°E Путраџаја (јави: ڤوتراجاي, Putrajaya) е плански град сместен јужно од Куала Лумпур, кој претставува Федерална територија на Малезија. Неколку малезиски федерални министерства се пренесени во овој град. Гратот е именуван по првиот малезиски премиер, Тунку Абдул Рахман Путра. Во малајскиот јазик, санскритските зборови "Путра" значи син додека "Џаја" значи успех. Градот е изграден потполно несразмерен со бројот на жителите и има многу мостови кои го поврзуваат истоименото езеро. Иако како и во цела Малезија етничката структура на населението е доста мултикултурна со малајци, кинези, индијци и евроазијци, во Путраџаја е силно врежан модерниот арапски стил на архитектура. Во градот постојат повеќе традиционални арапски градби, отколку модерни малајски, кинески и индиски градби, поради што градот потесетува на некој главен град на Персискиот Залив. Некои малајци сметаат дека потребно е да се изгради и "Чајна Таун" и "Литл Индија" за да се задоволат сите вкусови. На западот се наоѓа Киберџаја, кој претставува кибер град, кој е поврзан со Мултимедиа Супер Коридорот, кој се наоѓа помеѓу Куала Лумпур и Меѓународниот аеродром Куала Лумпур. Галерија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia