Петар Бошнаков

Петар Бошнаков
Роден(а)1878
Велес, Отоманска Македонија
Починал(а)1904
Скопје, Отоманска Македонија
Причина за смртСамоубиство
УстановаСолунска машка гимназија

Петaр Бошнаков или Петар Бошњаков, познат по псевдонимот Еден Македонец[1] (Велес, 1878Скопје, 1904) — македонски револуционер, просветител и војвода од Велес, деец на Македонската револуционерна организација. Дел од тринаесетта генерација на матуранти од Солунската машка гимназија. Борец против Бугарската пропаганда во Македонија.

Животопис

Петар Бошнаков или Бошњаков е роден во 1878 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Отпрвин учел во неговиот мајчин град а подоцна се преселил во Солун за да се образува во Солунската машка гимназија. Во 1897 година бил исклучен од гимназијата поради неговото учество во студентскиот бунт. Покрај тоа во 1898 година станал дел од тринаесетта генерација на матуранти од Солунската машка гимназија.[2] После неговото образование се вработил како учител. При неговото просветително дејство се членува во Македонската револуционерна организација. Во 1900 година се преселил во Струмица и учествува во Смилјанската афера во Радовиш, после аферата бил принуден да избега од градот.[3]

За кратко време бил војвода во Радовишката околија во 1902 година. Истата година излегла од печат неговата брошура „Бугарската пропаганда во Македонија и Одринско“ каде што ја критикувал Бугарската пропаганда во Македонија. За да го избегне теророт од Бугарската егзархија го користел псевдонимот Еден Македонец (според илинденската азбука: Единъ Македонецъ) за неговите литературни изданија. Во неговата брошура тој предложува различно толкување кон втората фаза на македонското револуционерно движење — барањето на автономија на Македонија и Одринско. Според него под желбата на автономија се криело план за формирање на независна македонска држава во Балканскиот полуостров, овој став со противставува со гледиштата на Бугарската историографија кои сметаат дека под дагата на автономија имало желба да ја припојат земјата кон Кнежевството Бугарија.[4]

Уапсан е од Отоманската власт и интерниран во Скопје. Во затвор се заболува со туберкулоза и во 1904 година поради болката одлучил да се самоубие.[5]

Надворешни врски

Наводи

  1. Ташковски, Драган (1967). Раѓањето на македонската нација. НИП „Нова Македонија“. стр. 245.
  2. Кандиларовъ, Георги Ст (1930). Българскитѣ гимназии и основни училища въ Солунъ (по случай на 50-годишнината на солунскитѣ български гимназии) (PDF). София: Македонски Наученъ Институтъ, печатница П. Глушковъ. стр. 95.
  3. Динев, Ангел (1946). Илинденската епопея : Развоя на макед. освободително движение. Ι. София: Печатница „Народен печат“, бул. „Македония“ № 5. стр. 103–104.
  4. Ѓорѓиев, Ванчо (2014). Борбата за автономија на Македонија и за создавањето на Македонска држава (1893-1912). Македонска Реч. стр. 51.
  5. Пелтеков, Александър Г (2014). Революционни дейци от Македония и Одринско (Второ допълнено издание. изд.). София: Орбел. стр. 59. ISBN 9789544961022.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya