Бугарска историографија![]() Бугарска историографија (руски: Болгарская историография, бугарски: Българска историография) — наука што ја проучува историјата на Бугарија и нејзините жители. Формирана за време на националната преродба во Бугарија претежно од делата на руските набљудувачи. Мнозинството на историчари во Бугарија го сметаат Свети Паисиј Хилендарски како катализатор на историографијата но дела за историјата на бугарскиот народ постоеле пред него. Денес, односите на бугарската историографија со македонската се проблематични поради нивните спротивставени ставови за македонското прашање.[1] Во бугарската историографија не е признаено постоењето на уникатен македонски народ или јазик, туку ги сметаат како вештачки народ создадени од т.н. идеалогија „Македонизам“. Низ нејзиниот развиток историографијата била критикувана заради нејзината фалсификација на историјата. За време на комунистичкиот период во Бугарија историографијата била под строга контрола на тогашната власт, поради тоа историографијата во вид била злоупотребена како политички инструмент за стабилност.[2] Бугарската историографија исто така е обвинетата дека цепивлакнува или ситничарува случаеви во нејзината историја со цел да ја претстават Бугарија во добра намера, според бугарскиот историчар Максим Стаменов, тоа е најголемиот грев на историографијата.[3] Други значајни периоди во нејзината историја како нивната преродба се исто така сменети поради политички цели и идеи кои се спротивставуваат со официјалната докторина на историографијата се потценети или целосно негирани. Во една објава Европската унија ѝ препорачала на Бугарија да го прекине процесот на политизација на нејзината историографија против Македонија и да отстапи со одредени барања.[4] Според бугарскиот новинар Светослав Тодоров, бугарската историографија е злоупотребена да го спречи влезот на Македонија во Европската унија од Бојковата администрација со политичка цел да добие повеќе подржувачи на неговата влада.[5] Во една изјава бугарскиот историчар Чавдар Маринов признал како оспорени македонски фигури, како Иван Михајлов, се целосно рехабилитирани во бугарската историографија и наука со цел да ги користат нивните дела за негирањето на македонски идентитет.[6] Развој
Народот во Бугарија пред нејзината преродба немале чист определен концепт на бугарски идентитет ниту ни бугарски јазик или култура, граѓани кој што се наоѓале во јужниот дел од Бугарија имале грчки идентитет и самите се именувале како дел од грчкиот народ, но со разлика од јужниот дел, северниот дел од бугарија содржила силен русофилски идентитет.[9] Голем број на буржоазијата во Бугарија само користеле грчкиот јазик, самите себеси се именувале како грци и нивната култура, во црковни школа исто така беше користен грчки.[10] Со појава на историографија почна процесот на формирање вештачки бугарски идентитет и разделување народот во Бугарија од грците и русите. Бугарската историографија како концепт првпат се појави околу периодот на русофилската преродба на Бугарија со делата на Петар Бакшиќ, србски католичар од Бугарија[11] кој што во 1667 ја објавил книгата „Историја на Бугарија“, многу историчари од Бугарија ја сметаат книгата како почеток на Бугарската историографија, но во времето на Бакшиќ единствена цел на книгата беше ширење на тогашната католичка пропаганда присутна во Бугарија.[12] Во 1762 околу почетокот на преродбата во Бугарија, познат македонски преродбеник од Бугарија Свети Паисиј Хилендарски го пишува еден од најпознатите дела во Бугарската историографија и ренесансата во Бугарија, под името „Историја на славјанобугарска“ (во постар правопис- Исторїѧ славѣноболгарскаѧ).[13] Во нејзе имаше детална историја на народот во Бугарија и нејзините цареви, но книгата има неколку проблематични карактеристики како грешавање на датумот на владеење на одредени цареви. Во 1823 беше објавено уште едно дело што помогна со развиток во историографијата, Јован Рајиќ, познат србин од војводина ја објавил книгата „Исторія разныхъ славенскихъ народовъ наипаче Болгаръ, Хорватовъ, и Сербовъ“ каде што ја објаснувал историјата на Хрватите, Србите и народот во Бугарија. Според авторот на делото, народот од бугарија имало татарско потекло и се преселиле од Монголија кон денешна Русија со Печенезите и после при мешавање со рускиот народ станале словени.[14] При преродбата Историографијата успешно ги раздели народот од Бугарија со Грците но неможеле да ги разделат од нивните русофилски чувства, голем број на преродбеници се именувале како Русофили а не Бугари. Според историчарот Константин Косев, познат историчар од Бугарија, тој истакнува како Русофилството беше длабоко во корените на народот и неможеле да го разделат.[15] Во Кнежевството Бугарија![]() При војните на Бугарија со помош на Русија беше формирана вештачка Бугарска држава под името „Кнежевство Бугарија“ и околу овој период Бугарската историографија почна повеќе да се развива,[18] заради силното влијание на Русија, Историографијата беше составена со претежно русофилски историчари. Кога беше формирана нова официјална државна историографија нејзината главна улога беше да ја шири историјата на Балканот кон луѓето во Бугарија, тие воделе истрашувања за словенскиот народ во време на Византија и после Отоманското Царство. Еден од првите историчари беа Петар Мутафичиев.[19] Новата историографија од прво беше спротив идеата со сојуз со Румелија заради тоа што Русија беше против идеата.[20] Сепак постепено ја прифатиле идеата и почнале да шират про-сојузна пропаганда, според нив, Румелија само беше уште еден дел од Бугарија што не беше ослободено.[21] Познато дело што испадна околу тој период беше „Историја Бугарскога народа до пропасти државе“ во 1878 од српски историчар Милан Савиќ. Во нејзе детално ја објаснува историјата на Бугарија, во книгата го обележуваат народот во Бугарија со татарско-руско потекло, истакнувајќи дека при нападите од Татарите во европа се вмешале со Финските Руски каде што биле произведувани Фински „Бугари“ и после тие се преселиле во Балтикот.[22] Под влијание на пансловенските идеи и особено на руската славистика, прашањето за припадноста на Бугарите на словенските народи доби централно значење во историографија на Бугарија. Ова прашање стана централно во филолошко-историските истражувања од тоа време, речиси до крајот на 20 век. Предизвикан од политичките интереси на големите сили, а особено на Русија, научниот интерес за ракописното наследство на словенските народи е на големо значење за изградбата на новите национални држави во Централна Европа и на Балканот. И покрај зависноста на научните идеи од политичките цели на Руската империја.[23] Околу овој период со појава на официјална историографија за прв пат почна дискусија за Македонското прашање, голем број на историчарите во Бугарија не се согласувале со концептот на македонски народ со свој јазик и култура, тоа е заради тоа што беше против политиката на владата.[24] Руската влада имала големи интереси кон политичките односи на Историографијата, знаејќи дека Историографијата веќе имало силно русофилско влијание одлучија да ја користат историографијата како начин на проширување русофилските гледишта. Нивните операции биле успешни и народот во Бугарија посакале да имаат Руски цар наместо цар од потекло од Бугарија.[25] При 1880-тите имаше разделба помеѓу историографијата за руското влијание во Бугарија, македонскиот социјалист во Бугарија Димитар Благоев се декларирал како Русофил. Голем број на поранешни револуционерни што соработувале со Васил Левски и Внатрешната Револуционерна Организација што биле против русофилското влијание биле отстранети и изгубиле сите нивни правда. Захариј Стојанов беше еден од овие револуционери, кој после открие за неговата иднина почна да соработува поблиску со Руската влада во Бугарија и Русофилската Историографија. Историографијата исто промовираше другарство со Бугарија и Русија, наведувајќи дека со длабоки корени се поврзани двете народи.[26] Социјалисти околу овој период биле строго против Русија (Русофоби или Русофобија) што создаде различни разделби помеѓу Историографијата.[27] Под Царството Бугарија![]() ![]() Во време на Царството Бугарија, Историографијата почнала да се разделува од русофилското влијание на Руското царство, тие почнале повеќе и повеќе да се ориентират кон национална политика и национална историја.[30] тие почнале да се ориентират кон бугарска историја и кон историјата на Македонија заради Втората Светска Војна. При II (2) светска војна Историографијата редовно ширеше пропаганда за Бугарското учество во војна, именувајќи ги народите во Егејска и Вардарска Македонија како Бугари. Истовремено Историографијата соработувала со централната влада да произведува предрасудиски дела каде што пробале да oбјаснат како заслужено беше алијансата помеѓу Фашистичка Бугарија и Третиот Рајх.[31] При процесот на депортација на евреиското население од Македонија, историографијата беше поделена во два дела за субјектот, двете страни во одредено ниво содржиле антисемитизни гледишта кон ситуацијата, според една страна Бугарската армија ги депортирале не од одмразда туку според Историографијата „биле форсирана од страна на Третиот Рајх“[32]. Втората група смета дека воопшто не депортирале евреици, туку им помогнале на 50.000 Евреици, и двете групи според историски докази биле грешни, некој историчари од Бугарија сметаат дека втората група шираат чиста пропаганда, како историчарот Стефан Дечев кој посакувал влада на Бугарија да признае нејзините злонамерни дела кон евреискиот народ.[33] ![]() Покрај крајот на Втората Светска Војна, Историографијата на Бугарија пробаше да си ја подобри сликата со надворешните држави, тоа беше преку Борис III. Тие исто почнале да формираат вештачка приказна дека народот во Бугарија и влада била форсирани да соработуваат со Фашистичка Германија, но не беше успешна, во една средба со парламентот Винстон Черчил истакнува:
Историографијата на Бугарија исто пробаше да формира вештачка приказна за нејзината улога во НОБ за како Скопје и други дела од Македонија биле ослободени од Бугарската Армија. Но вакви информации биле откриени дека се грешни. 5-та Бугарска Дивизија требаше да учествува со ослободувањето на Скопје но одлучија да останат покрај влезот во Скопје наместо директно учествувајќи. Има голем број на мемоарска литература за ослободувањето каде што чисто прикажува дека бугарската армија не беше учесник во ослободувањето. Во еден извештај издаден од Штабот на брегалничко-струмичкиот корпус од 24 октомври ја потврдува неактивноста на бугарската армија и во кочанскиот крај
Социјалистичка историографија![]() ![]() После падот на фашистичката влада беше формирана нова социјалистичка историографиска комисија за проучување на историјата на Бугарија. Со разлика на другите историографии оваа беше повеќе прифатлива и искрена, во раните периоди во време на владата на Македонскиот политичар Ѓорѓи Димитров почнале соработка со истовремено новата формирана македонска историографија. Со компромис со македонската историографија во 1947 се согласиле со следното:
![]() Во време на влада на Ѓорѓи Димитров историографијата почнала да формира подобри гледишта кон Македонскиот народ и Македонското прашање. Голем број на историчари од историографијата на денешна Бугарија биле против историографијата на Социјалистичка Бугарија. Според нив марсистичката историографија ја уништи „вистинската бугарска историја“ и наметнуваше „лажна комунистичка“ верзија.[40] Социјалистичката историографија исто содржила високо ниво на русофилство заради помошта што бугарија доби од СССР. Меѓу најпознатите дела во социјалистичката историографија беше од Николај Севастијанович Державин, руски автор кој што во 1947 - 1948 го објавува делото „История на България“ со два тома. Тие исто соработувале блиско со Информбиро.[41] Кога Тодор Живков, познат русофил, станал главен на социјалистичка Бугарија историографијата се промени со нејзиниот однос и постапка, тој повеќе почна да ја ориентира кон национализам и великобугаристика, при тоа исто почнал процесот на асимилација на македонскиот народ во Пиринска Македонија. Околу овој период во историографијата на Бугарија почна да се развива предрасудската тезата за македонскиот јазик како норма, базирана врз есенцијално бугарски дијалект, веќе речиси не се прифаќа од авторитетни научници надвор од Бугарија. Овој поглед постои одредена еволуција во меѓународните научни кругови, и таа не е во корист на Бугарија. За време на социјализмот бугарската позиција имаше повеќе застапници надвор од Бугарија, сега бројот е помалку. За тоа придонесува самата агресивност и националистичко тесноградие на бугарската позиција во однос на Македонија, која што често ги одбива странските специјалисти, што отпрвин имале искрени симпатии спрема Бугарија како земја, култура.[42] Околу овој период почна процесот на Антитурцизмот кој се изразил во негирање на турската припадност на создавачите на средновековната бугарска држава, или доколку истата се прифаќала, тоа се компензирало со нивно минимизирање како бројка, маргинализирање на нивното место и значење во рамките на основаната од нив држава, а генерално во редуцирање на нивното учество во етногенезата до степен на симболично. Овој стремеж го надживеал времето кога бил политички актуелен и е сосема видлив и денес. Причината можеме да ја бараме во тоа што антитурцизмот се претворил во важен елемент во бугарскиот националната историја. Големото турско малцинство во Бугарија и соседството со далеку надмоќната турска држава исто придонесуваат за тоа. Околу овој период исто беше воведен антигрцизмот, Бугарскиот национализам се оформува не само како обид за издвојување од Османлиската империја, но и во борба за еманципација од Цариградската патријаршија и во конкуренција со грчкиот национализам за доминација во Македонија и Тракија. Бугарските историчари овој свој современ непријател – Цариградската патријаршија и грчката национална држава го пренеле назад во времето до пред претпоставените почетоци на бугарската етногенеза и него го препознале во Византија. Ова ќе има огромно влијание во бугарската медиевистика и требало да поминат повеќе децении откако современа Грција престанала да се гледа како непријател и конкурент во Бугарија за да можат таквите погледи да започнат да слабеат, но тие се сè уште живи. Освен во толкувањето на улогата на Византија и „византинизмот“ како нешто негативно антинационално и антибугарско тоа нашло израз и во претставувањето на Византија како непријател чија постојана агресија, нешто во што можеме да го слушнеме ехото од преродбенските борби и борбите меѓу егзархијата и патријаршијата, а не од средниот век. Византија била оквалификувана како асимилатор и уништувач на бугарската литература, па митовите за уништувањето на книгите родени во преродбата биле пренесени назад во минатото.[43] Современ периодВо 2008 имаше контроверзија помеѓу Бугарската историографија и научници од Кина, научниците кога ја анализирале Бугарската историографија најдоа дека редовно фалсификувале историја за да ја подобри сликата во рамка на други историографи.[44] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia