Петре Војнески

Петре Војнески
Роден 1924 година
Староец, Кралство СХС
Починал февруари 1944 година
Дебреште, Царство Бугарија
Народност Македонец

Петре Богојев Војнески ( 1924 во Староец1944 во Дебреште) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Потекнувал од селско семејство кое се занимавало со земјоделие. Во текот на 1942 година, тој им бил преведувач на Италијаните и имал можност да го запознае окупаторот и неговите намери. Во есента 1943 година, тој се приклучил како партизан во Групата баталјони, а потоа во Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата, тој учествувал во Февруарскиот поход, а по борбите кај Богомила во февруари 1944 година, со групата на Тихомир Шарески, тргнал назад, но загинал кај селото Дебреште, Прилепско во февруари 1944 година во борба против бугарските фашисти.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 49.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya