Пиратите од Карибите: Проклетството на Црниот бисер
Пиратите од Карибите: Проклетството на Црниот бисер (англиски: Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl) — американски филм од 2003 година, во режија на Гор Вербински. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Џони Деп, Џефри Раш, Орландо Блум, Кира Најтли, Џек Девенпорт и Џонатан Прајс.[3] Во 2004 година, филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во пет категории, а истата година ја освоил наградата на БАФТА во категоријата за најдобра шминка. Исто така, Џони Деп ја освоил наградата на МТВ (MTV Movie Awards) за најдобар глумец. Вкупно, филмот освоил 31 награда, а имал 93 номинации за разни награди.[4] СодржинаПиратите предводени од капетанот Џек Спароу украле ковчег со златници од времето на Ацтеките и поради тоа биле проколнати така што се претвораат во чудовишта. Од проклетството се спасил само Џек Спароу (го игра Деп), благодарение на тоа што неговиот прв помошник, Барбоса (го глуми Раш), организирал бунт на бродот „Црниот бисер“, оставајќи го Спароу на еден пуст остров. Пиратите мораат да го најдат синот на пиратот Вилијам Тарнер, кој го поседува последниот златник од ковчегот и чија крв може да го тргне проклетството. Затоа, тие напаѓаат една англиска тврдина и притоа, наместо синот на пиратот, ковачот Вил Тарнер (го игра Блум), по грешка ја заробуваат ќерката на гувернерот на тврдината, Елизабет (ја игра Најтли). Истовремено, во тврдината е затворен Спароу, но него го ослободува ковачот Тарнер, со цел да го однесе на островот каде се кријат пиратите. Спароу и Тарнер успеваат да украдат брод, а потоа наоѓаат и морнари и одат на островот. Таму, пиратите пролеваат крв од Елизабет, но не успеваат да ја поништат магијата. Тарнер ја спасува саканата девојка, но го остава Спароу на милоста на пиратите. За кратко време, пиратите повторно го заробуваат бродот на кој се наоѓаат Тарнер, Елизабет и морнарите при што ги оставаат Елизабет и Спароу на пуст остров.
Улоги
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia