Пливање на Летните олимписки игри 2020 – 400 м мешано во машка конкуренција
Дисциплината 400 метри мешано во машка конкуренција во пливање на Летните олимписки игри 2020 била одржана на 24 и 25 јули 2021 година, во Аква центарот во Токио.[1] Ова било петнаесетти последователен пат да се одржи оваа дисциплина на Летните олимписки игри, бидејќи истата се одржала на секое издание од 1964 година. Златниот медал го освоил Чејс Калиш од САД, среброто отишло кај неговиот сонародник Џеј Литерланд, а бронзата ја освоил Брендон Смит од Австралија. РекордиПред ова натпреварување, актуелните светски и олимписки рекорди биле следниве:
КвалификацииПотребното време за квалификување на Олимписките игри во оваа дисциплина било 4:15.84. По двајца пливачи од еден Национален олимписки комитет (НОК) можат автоматски да се квалификуваат доколку испливале време потребно за квалификување на настанот. Времето за избирање на натпреварувачи е до 4:21.46. До еден пливач на состанок на НОК тоа време е подобно за избор, доделено според светскиот пласман сè додека не се достигне максималната квота за сите настани во пливање. Секој НОК без машки пливач квалификуван во некоја дисциплина, исто така, може да го искористи своето место за универзалност.[2] ФорматНатпреварувањето во оваа дисциплина се состои од две рунди: серии и финале. Пливачите со најдобри 8 остварени времиња во сериите се пласираат во финалето. Таканаречните допливувања (на англиски swim-offs) биле користени колку што е потребно пати за да се одреди кои пливач ќе обезбеди пласман во следната рунда во случаи на идентично остварено време.[3] РаспоредСите времиња се според Јапонското време (UTC+9)[1]
Медалисти
РезултатиПливачите со 8 најдобри остварени времиња, без оглед од која серија доаѓаат, се квалификуваат за финалето.[4] СерииФинале
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia