Национален олимписки комитет Националните олимписки комитети (НОК) се претставници на светското олимписко движење во поединечни земји. Подлежат на контрола од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и се одговорни за организирање на учеството на нивната земја во Олимписките игри. Кога се врши избор за град-домаќин комитетите можат да предлагаат градови во рамките на своите земји.
НОК воедно го промовираат развојот на спортистите и обуката на тренерите и службениците во нивната земја.
Олимпискиот комитет задолжен за Република Македонија е Македонскиот олимписки комитет
Постојат 204 национални олимписки комитети,[1] кои претставуваат суверени држави и разни територии. 192 од 193-те земји членки на ООН имаат свој НОК (со исклучок на Јужен Судан, кој ја стекнал својата независност на 9 јули 2011, па затоа сè уште нема свој НОК).[2] Комитети имаат и уште 12 територии:
Сите НОК-ови се членки на Здружението на националните олимписки комитети (ЗНОК или ANOC), кое е поделено на пет континентални здруженија:
Список на национални олимписки комитети по година на признавање
Ова е хронолошки список на сите 204 признаени НОК-ови од 1894 до денес. Многу од нив се основани долго пред да бидат признаени, додека пак други се прифатени веднаш по нивното формирање. На списокот се изоставени поранешни држави (како на пр. СФРЈ, СССР, Чехословачка итн).
1894 |
Франција, САД
|
1895 |
Австралија, Германија, Грција, Унгарија
|
1900 |
Норвешка
|
1905 |
Велика Британија, Данска
|
1906 |
Белгија
|
1907 |
Канада, Финска
|
1909 |
Португалија
|
1910 |
Египет
|
1911 |
Турција
|
1912 |
Австрија, Јапонија, Луксембург, Србија,[6] Холандија, Швајцарија, Шпанија
|
1913 |
Шведска
|
1914 |
Романија
|
1915 |
Италија
|
1919 |
Нов Зеланд, Полска
|
1922 |
Ирска, Латвија
|
1923 |
Аргентина, Естонија, Мексико, Уругвај
|
1924 |
Бугарија, Литванија, Хаити
|
1927 |
Индија
|
1929 |
Филипини
|
1933 |
Израел
|
1934 |
Чиле
|
1935 |
Бразил, Венецуела, Исланд, Лихтенштајн
|
1936 |
Авганистан, Бермуда, Боливија, Јамајка, Малта, Перу
|
1937 |
Шри Ланка (тогаш „Цејлон“)
|
1947 |
Гватемала, Иран, Јужна Кореја (во МОК се води како „Кореја“), Мјанмар (тогаш „Бурма“), Панама
|
1948 |
Гвајана (тогаш „Британска Гвајана“), Ирак, Колумбија, Либан, Пакистан, Порторико, Сингапур, Сирија, Тринидад и Тобаго
|
1950 |
Тајланд, Холандски Антили
|
1951 |
Нигерија, Хонгконг
|
1952 |
Бахами, Гана (тогаш „Златен Брег“), Израел, Индонезија
|
1953 |
Монако
|
1954 |
Етиопија, Костарика, Куба, Малезија (тогаш „Малаја“)
|
1955 |
Барбадос, Кенија, Либерија, Фиџи
|
1956 |
Уганда, Хондурас
|
1957 |
Северна Кореја, Тунис
|
1959 |
Албанија, Еквадор, Мароко, Никарагва, Сан Марино, Судан, Суринам
|
1960 |
Кинески Тајпеј (тогаш „Република Кина“, основ. 1922)
|
1962 |
Бенин (тогаш „Дахомеј“), Доминиканска Република, Ел Салвадор, Монголија
|
1963 |
Брег на Слоновата Коска, Јордан, Камерун, Либија, Мали, Непал, Сенегал
|
1964 |
Алжир, Замбија, Конго, Мадагаскар, Нигер, Сиера Леоне, Чад
|
1965 |
Гвинеја, Саудиска Арабија, Того, Централноафриканска Република
|
1966 |
Кувајт
|
1967 |
Белиз (тогаш „Британски Хондурас“), Девствени Острови
|
1968 |
Габон, ДР Конго, Малави, Танзанија
|
1970 |
Парагвај
|
1972 |
Буркина Фасо (тогаш „Горна Волта“), Лесото, Маврициус, Свазиленд, Сомалија
|
1974 |
Папуа Нова Гвинеја
|
1975 |
Андора
|
1976 |
Антигва и Барбуда, Гамбија, Кајмански Острови
|
1978 |
Кипар
|
1979 |
Бахреин, Виетнам, Лаос, Мавританија, Мозамбик, НР Кина (осн. 1954), Сејшели
|
1980 |
Ангола, Бангладеш, Боцвана, Зимбабве, Катар, ОАР
|
1981 |
Јемен
|
1982 |
Британски Девствени Острови, Оман
|
1983 |
Бутан, Самоа (тогаш „Западна Самоа“), Соломонски Острови
|
1984 |
Брунеј, Гренада, Екваторска Гвинеја, Руанда, Тонга, Џибути
|
1985 |
Малдиви
|
1986 |
Аруба, Гуам, Кукови Острови
|
1987 |
Американска Самоа, Вануату, Свети Винсент и Гренадините
|
1991 |
Естонија (признаена), Латвија (признаена), Литванија (признаена), Намибија, ЈАР
|
1993 |
Азербејџан, Белорусија, БиХ, Бурунди, Грузија, Ерменија, Зелено'ртски Острови, Доминика, Казахстан, Киргистан, Комори, Молдавија, Македонија, Русија, Саун Томе и Принсип, Света Луција, Свети Кристофер и Невис, Словачка, Словенија, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Украина, Хрватска, Чешка
|
1994 |
Камбоџа, Науру
|
1995 |
Гвинеја-Бисао, Палестина
|
1997 |
Сојузни Држави на Микронезија
|
1999 |
Еритреја, Палау
|
2003 |
Кирибати, Тимор-Лесте
|
2006 |
Маршалски Острови
|
2008 |
Тувалу, Црна Гора
|
Непризнаени национални олимписки комитети
Спортскиот и олимписки комитет на Макао е основан во 1987 и има извршено обиди да се зачлени во МОК, но досега нема официјално признание. Макао сепак се натпреварува на Параолимписките игри.
Фарските Острови имаат признаен национален параолимписки комитет.
Други земји/области без признаени комитети се: Ангвила, Абхазија,[7] Гибралтар,[8] Каталонија,[9] Косово,[10] Ниуе,[11] Сомалиленд,[12] Нова Каледонија,[13] Курдистан, Северен Кипар,[14] американските староседелци,[15][16] Северните Маријански Острови, Монтсерат и Туркс и Кајкос.[17] Фарски Острови,[18] Француска Полинезија,[19]
Поврзано
Наводи
Преглед на поврзани статии |
---|
|
|
---|
| | | Азија | | |
---|
| Америка | |
---|
| Африка | |
---|
| Европа | |
---|
| Океанија | |
---|
|
|
|
|