Плоштад „Нова Југославија“
Плоштад „Нова Југославија“, познат и како Градски плоштад — главниот плоштад во Куманово, Македонија. Тој е со површина од околу 4,000 м2. ИсторијаПлоштадот бил обновен во 2006 година, со проценка на трошоците на 160.000 евра. Во октомври 2015 година имало обид за смена на името на плоштадот од „Нова Југославија“ во „Македонија“. Тогаш советничката група на ВМРО-ДПМНЕ почнала со собирање на потписи.[1]
ЗнаменитостиЗанаетчискиот дом се наоѓа на југоисточната страна на плоштадот, кој е најзначајното обележје на плоштадот изградено пред Втората светска војна. Веднаш наспроти Занаетчискиот Дом е статуата на Батко Ѓорѓија, урбаната легенда на градот, чија што статуа содржи и фонтана. Наспроти улицата се наоѓа „Касапскиот Круг“, кој денес претставува административна зграда. На североисточната страна, се наоѓа споменикот наречен „Четири Бандери“ кои исто така има фонтана. Трговскиот центар Нама е на северната страна на плоштадот.[2] Градскиот плоштад е опкружен со згради изградени претежно од времето на СФРЈ. Во 1990-тите години, блискиот Хотел Кристал бил затворен поради финансиски тешкотии. Зградата Касапски Круг е преку улицата „Гоце Делчев“ како една од истакнатите згради во Куманово. Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia