Галерија на икони (Куманово)
Галерија на икони - Куманово — музеј на икони во црквата „Св. Никола“ во центарот на градот Куманово.[1] Сместена е на катот во црквата. Отворена е во јануари 2001 г. по повод 150-годишнината од нејзината изградба. Во неа се изложени многу икони од различни запуштени цркви и манастири во Кумановскиот крај кои датираат помеѓу XVI и XIX век. Застапени цркви и манастириИконите се донесени од различни места како Забелскиот манастир, Карпинскиот манастир, црквите Градишкиот манастир, „Свети Ѓорѓи“ во Младо Нагоричане, „Св. Никола“ во Павлешенци, „Св. Јован Опсечен“ во Режановце, „Св. Спас“ во Довезенце, „Св. Илија“ во Никуљане, „Св. Никола“ во Колицко, „Св. Илија“ во Живиње, „Св. Петка“ во Мургаш и „Св. Петка“ во Пезово. Има и икони од цркви „Св. Никола“ и „Св. Троица“ во самото Куманово. Застапени иконописциМеѓу авторите се иконописци и живописци како Дичо Зограф, Величко Костов, Зафир Василков, Димитар Андонов Папрадишки, Јосиф Мажовски и хаџи Коста Крстев.[1][2]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia