Спортска сала Куманово
Спортска сала Куманово — затворено спортско здание кој се наоѓа во Куманово, Македонија. Салата има сместивост од 4.150 седишта и била изградена во 1980. Салата е најголемата затворена спортска сала во Куманово, каде се одржуваат кошаркарски, ракометни, футсал, одбојкарски и боксерски натпревари.[4] ИсторијаСпортската сала во Куманово била проектирана од архитектите Трајко Димитров и Живко Гелевски во 1979 година. Проектната организација била Македонија проект - Скопје. Градбата била завршена во 1980 година од страна на „Козјак“ - Куманово. Градбата ја добила Големата награда на Биеналето на Македонската архитектура (БИМАС) во 1981 година.[5][6] Во 2020 година, Владата на Македонија ја вратила Спортската сала на Општина Куманово, откако со неа претходно стопанисувал приватен субјект. Во јули 2021 година, започнала подновувањето на салата.[2] Проектот за обновувањето бил изготвен од ГЕИНГ ДОО Скопје.[6] Согласно март 2024 година, салата била уште во фаза на реконструкција.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia