Побошки манастир
Побошки манастир — средновековен манастир во скопското село Побожје.[1] Прогласен е за споменик на културата на Македонија. МестоположбаМанастирот е сместен на падините на планината Скопска Црна Гора, веднаш над скопското село Побожје, од каде води тесен асфалтиран пат во должина од 1 километар. Манастирот е подигнат во живописната долина на Побошка Река.[2] ИсторијаСе смета дека манастирот, како и голем број црковни споменици во околината на Скопје, биле изградени во XIV век. Првпат е споменат во повелба на кралот Милутин од 1300 година.[2] Во текот на отоманскиот период, манастирот било едно од верските и културните средишта на овој крај.[2] Манастирот отсекогаш имал монаси.[2] Градби во манастиротОд манастирскиот комплекс до денес се сочувани: манастирската црква, старите и понови конаци и други помошни стопански објекти. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - ПобожјеЦрквата поседува зачуван живопис.[2] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia