Под Градиште (Слатина)

Под Градиште

Карта

Местоположба 41°35′9″N 21°10′55″E / 41.58583°N 21.18194°E / 41.58583; 21.18194
Основни податоци
Место Слатина
Општина Македонски Брод
Тип

 некропола


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Под Градиштеархеолошко наоѓалиште во поречкото село Слатина. Претставува некропола од доцноантичко време и е откриен случајно при изградбата на патот, непосредно покрај левиот брег на Слатинска Река, каде е откриена засводена гробница, ѕидана од камен, бигор и тули, а од внатрешната страна убаво малтерисана, во која имало четири скелети поставени во правецот југоисток-северозапад. Од гробни прилози се најдени еден добро зачуван керамички сад и сребрена обетка од типот „со кошничка“. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.[1]

Поврзано

Наводи

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069


Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya