Најголемиот успех клубот го остварил во 1977 година, кога ја освоиле својата единствена НБА титула.
Историја
Клубот започнал да се натпреварува во НБА лигата во 1970 година. За првпат се пласирале во плејофот во 1977 година. Во првото коло биле подобри од Чикаго Булс (2-1), а во второто Денвер Нагетс (4-2). Во конференциското финале тие ги совладале Лос Анџелес Лејкерс (4-0), а во НБА финалето ги совладале Филаделфија Севентисиксерс и ја освоиле својата единствена титула НБА шампион. Од тогаш станале редовен учесник во плејофот сè до 2003 година пропуштајќи го доигрувањето само во 1982 година. Играле уште две финалиња, и ги изгубиле, како и во три конференциски финалиња кои исто така ги загубиле.