Финикс Санс
![]() ![]() Финикс санс (англиски: Phoenix Suns) се професионален кошаркарски тим сместен во Финикс, Аризона. Тие се членови на Тихоокеанската дивизија (Западна конференција) во НБА. центарот „УС Ервејс“ (англиски: US Airways Center) го користат како домашен стадион од 1992. Санс биле особено успешни откако почнале да играат како нов тим во 1968. За четириесет и една година играње тие успеале да влезат осум пати во полуфиналето на НБА плејофот. И покрај тоа што играат успешно четири децении, тие немаат освоено ниту една НБА титула.[1] Санс биле едни од два тима што влегле во НБА на стартот на сезоната во 1968-69, заедно со Милвоки Бакс. Финикс Санс бил првиот професионален тим од прва лига од државата Аризона.[2] Во 1992, Санс се преместиле во новата арена, во која се и ден денес. Истата година во Финикс не била само арената ново нешто, туку го земале и Чарлс Баркли од Филаделфија. Тој со Финикс во 1993, ја освоил неговата прва и единствена МВП титула. За сезоната 2000-01, Финикс Санс претставиле три нови аблеми. Два од овие биле само малку сменети од претходните, со помодерен дизајн и додавање на сивата боја. Состав
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia