Самостојна македонска држава
Самостојна македонска држава е политичката и револуционерната цел на македонските револуционери и Македонската револуционерна организација. Револуционерната организација формално-правно во своите уставо-статутарни акти се залагала за автономија на Македонија и Одринско, меѓутоа врз основа на организациската документација и другите извори може да се заклучи дека Организацијата работела за самостојна македонска држава. Ставови на организациските дејциЗад автономниот принцип се криела поголема цел, а тоа е создавање на слободна и независна македонска држава. Тоа го потврдуваат и сведоштвата на првите луѓе на организацијата. Христо Татарчев истакнува дека:не се раководеле од друга тенденција, освен од идејата за слободата и благото на целиот македонски народ. Дамјан Груев од друга страна, во писмото до Никола Дејков од 7. 02. 1894 година го објаснува сепаратизмот на МРО и вели дека:
Во 1905 година Дамјан Груев во Софија имал средба со Лермонтов. Притоа Д. Груев истакнал дека организацијата дејствува самостојно издигајќи ја девизата Македонија на Македонците [2], и дека организацијата не сака за ништо судбината на Македонија да ја потчини на интересите на кнежевството. Главна цел на организацијата е автономија на Македонија а не нејзино присоединување кон Бугарија [3]. На 17. 10. 1895 година, Гоце Делчев испратил писмо до Ефрем Каранов во кое пишува за слободна државичка Македонија[2] Ставови на организацијата пласирани преку јавни гласилаВо весникот Право во 1902 година јасно се кажуваат целите на организацијата:
Во 1905 година во Револуционерниот лист, кои бил официјален орган на Внатрешната организација, се истакнува дека: Автономна Македонија од Организацијата се сфаќа како самостојна држава [5]. Ставови на Бугарската егзархијаВо писмото од 14. 04. 1901 година егзархот Јосиф I искажува стравување поради формулацијата обединување на сите без разлика на верата и народноста:
ПоврзаноИзвори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia