Серска група
Серска група (Серчани или Санданисти) — една од поголемите групации на т.н Левица или радикално - реформска струја.[1][2] Серчани биле фракција на Македонската револуционерна организација која се групирала околу раководителот на Серскиот револуционерен округ, Јане Сандански. Тие ја претставувале главнината на т.н радикалнa - реформска струја,[2] која во постарата литература се нарекува левица,[3] а во поновата како демократско-реформско крило или децентралисти, кои се залагаат за децентрализација на Македонската револуционерна организација. Групацијата се појавила по Илинденското востание кога се поставило прашањето за идната дејност и поставеност на Организацијата. ИдеологијаЦелта на оваа струја била: одбрана, односно воспоставување територијална целост на Македонија со оружено дејствување, создавање македонска држава со легално политичко дејствување или со оружена ослободителна борба како крајно средство. Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia