Пшемислав Њемјец
Пшемислав Њемјец (полски: Przemysław Niemiec; р. 11 април 1980) — поранешен полски професионален друмски велосипедист, кој настапувал професионално во периодот 2002-2018 година.[1] КариераГо направил своето професионално деби во 2002 за екипата Аморе & Вита-Берета. Најголеми победи на Њемјец се Трката околу Словенија 2005 и Трката околу Тоскана 2006. Исто така има освоено три етапи на Рут ду Суд и завршил на 16. место помеѓу водечките велосипедисти на Летните олимписки игри 2008. Во 2013 година, Њемјец имал завршници во првите десет на многу етапни трки, вклучувајќи го Џиро дел Трентино, Волта а Каталуња и на Тирено-Адријатико. Подоцна возел на Џиро д’Италија како поддршка на Микеле Скарпони, каде имал солиден резултат, завршувајќи на шестото место во генералниот пласман. Откако завршил трет на Џиро дел Трентино 2013, Њемјец бил избран да ја предводи екипата Тим Лампре на Џиро д’Италија. Иако неговото водство преминало на неговиот помлад колега, Диего Улиси, откако загубил седум минути на осмата етапа. Ја остварил својата најголема победа во кариерата на Вуелта а Еспања 2014. Бил дел од рано бегство и победил сам на последното искачување до Лагос де Коведонга.[2] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia