Микеле Скарпони
Микеле Скарпони (италијански: Michele Scarponi; 25 септември 1979 — 22 април 2017) — италијански професионален друмски велосипедист, кој професионално возел од 2002 до неговата смрт во 2017 година, последно за UCI World Tour екипата Астана Казахстан Тим.[2] Бил прогласен за победник на Џиро д’Италија 2011 по дисквалификацијата на Алберто Контадор. Други поголеми резултати во неговата кариера биле победите на етапните трки Тирено-Адријатико 2009, Волта а Каталуња 2011 и Џиро дел Трентино 2011. Ран живот и аматерска кариераСкарпони е роден на 25 септември 1979 година во градот Јези, во средишната италијанска област Марке во семејството на Џакомо и Флавија. Го поминал детството во Филотрано, Марке, со неговиот брат Марко и сестра му Силвија. Неговиот прв велосипедст му бил даден на неговата прва причесна. Се приклучил на локалниот велосипедски клуб Пјерализи на осум години и започнал да освојува трки. Во 1997 година на 17 години станал национален друмски првак; својот победнички потег го имал на искачувањето Кастело ди Канева. Бил додаден во репрезентацијата на Светското друмско првенство 1997 во Сан Себастијан, Шпанија; имал учество на јуниорската друмска трка, завршувајќи на 104. место.[3] Во април 2001 година возејќи за аматерската екипа Сите-Фреца, Скарпони завршил втор зад Јарослав Попович на еднодневната трка Џиро дел Белведере.[4] Во април-мај 2001 година ја освоил петтата етапа и завршил втор на Џиро деле Реџони, повторно зад Јарослав Попович.[5] Во октомври учествувал на хронометарот за возачи под 23 години на Светското првенство, завршувајќи на осмо место со 1 минута и 32,40 секунди зад победникот, Американецот Дени Пејт.[6] Професионална кариера2002–2004Скарпони станал професионалец во 2002 година со екипата Аква е Сапони-Кантина Толо, но се распаднала на крајот на сезоната. Со екипата ја освоил својата прва професионална победа, освојувајќи етапа на Сетимана Чиклистика Ломбарда,[7] завршувајќи на второто место на трката и го имал својот прв настап на некоја голема трка, завршувајќи на осумнаесеттото место на Џиро д’Италија 2002.[8] Скарпони се преместил во екипата Домина Ваканце-Елитрон за сезоната 2003; освоил етапа на Џиро д’Абруцо, завршил трет на крај и завршил меѓу првите десет на Амстел Голд Рејс (седми) и Лиеж-Бастоњ-Лиеж (четврти) - обете трки дел од Светскиот куп 2003.[9][10] Повторно завршил меѓу првите дваесет на Џиро д’Италија (16. место),[11] и завршил тринаесетти на Вуелта а Еспања.[12] Скарпони ја започнал сезоната 2004 со силен настап на пролетните италијански етапни трки; завршил трет на крај и освоил една етапа на Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали,[13] пред да ја освоил Сетимана Чиклистика Ломбарда неколку недели подоцна заедно со три етапи, бодовниот и планинскиот пласман. Повторно возел на сите три арденски класици, завршувајќи четврти на Флеш Валон,[14] и седми на Лиеж-Бастоњ-Лиеж.[15] Пред Џиро д’Италија 2004, Скарпони настапил на Мировната трка; ја освоил четвртата етапа во Германија откако се приклучил на потег кон крајот на етапата и го освоил спринтот на крај.[16] Го одржал водството на трката до крајот во Прага.[17] По второто место на Трката околу Австрија во јуни, Скарпони настапил на Тур де Франс по првпат; завршил на 32. место.[18] 2005–2006![]() Скарпони се преселил во екипата ONCE за сезоната 2005,[19] и имал потивка сезона отколку претходните години; не освоил ниту една трка, и покрај своите амбиции за Џиро д’Италија.[20] Завршил седми на Вуелта а Бургос и го забележал својот најдобар пласман на некоја голема трка дотогаш со 11. место на Вуелта а Еспања, возејќи главно како помошник за Роберто Ерас,[21] кој подоцна бил дисквалификуван по позитивен допинг-тест за еритропоетин (ЕПО).[22] Во 2006 година, Скарпони бил вмешан во допинг-случајот „Операсион Пуерто“.[23][24] Ова имало одредени последици на резултатите на Скарпони: неговиот најдобар резултат бил петтото место на тринаесеттата етапа на Џиро д’Италија,[25] на која не завршил по првпат; не успеал да ја отпочне седумнаесеттата етапа откако неговиот спортски директор Маноло Саиц бил уапсен во врска со случајот.[26] Екипата ONCE се распаднала на крајот на сезоната, но Скарпони успеал да обезбеди договор со Аква & Сапоне-Кафе Мокамбо во февруари 2007 година.[27] 2007По неговото доцно потпишување, Скарпони не ја започнал сезоната 2007 до трката Класика де Алмерија во март, завршувајќи надвор од временската граница. Завршил петти на Вуелта а Мурсија и деветти на Тирено-Адријатико, пред да учествува на Сетимана Интернационали ди Копи е Бартали.[28] Ја освоил втората етапа на трката откако нападнал од главната група на 1,6 километри пред крајот.[28] Влегол во завршниот ден со две секунди зад предводникот на трката Лука Пјерфеличи, но Пјерфеличи отпаднал; со што Скарпони завршил втор зад Рикардо Рико, но го освоил генералниот пласман на трката за осум секунди пред Рико.[29] По четвртото место на Џиро д’Оро, Скарпони завршил втор зад поранешниот колега Дамијано Кунего на Џиро дел Трентино,[30] меѓутоа, тоа било негова завршна трка на сезоната. Потоа, Скарпони бил повторно вмешан во случајот „Операција Пуерто“. На 1 мај, Скарпони се сретнал со италијанскиот олимписки комитет во Рим, во врска со неговата наводна вмешаност во случајот.[31] Една недела подоцна и ден откако неговиот сонародник Иван Басо ја признал вклученоста во случајот - како возач под кодното име „Бирило“[32] – Скарпони го направил истото, потврдувајќи дека тој бил „Запатеро“ и „Ил Президенте“ на друг состанок со комитетот.[33] На 15 мај,[34] комитетот побарал обајцата да бидат суспендирани; ова барање било одобрено следниот ден.[35] Во јули, Скарпони добил 18-месечна забрана, со почеток од 15 мај - денот кога комитетот побарал суспензија за Скарпони - и намалена од нормалната двегодишна забрана поради соработката во дисциплинската постапка.[36] Во март 2008 година по жалбата до Арбитражниот суд за спорт, забраната била продолжена на 21 месец, но истовремено, земајќи го периодот на неактивност на Скарпони; со тоа, тој можел повторно да настапи од 1 август.[37] 2008–2010Со завршувањето на неговата забрана, Диквиџовани-Андрони објавиле на 13 јуни, дека потпишале со Скарпони за наредните две сезони.[38][39] Се вратил на трката Џиро дел’Апенино на 3 август, а својот најдобар резултат за сезоната 2008 го имал на Џиро дел’Емилија, завршувајќи на седмото место. 2009Во 2009 година, Скарпони ја започнал сезоната со петто место во генералниот пласман на Вуелта а Андалусија, поддржувајќи го Давиде Ребелин во неуспешниот обид да ја освои трката. Откако настапил на италијанските трки, Трофео Лаигвелја и Џиро ди Сардења во февруари, Скарпони учествувал на Тирено-Адријатико. По четвртото место на хронометарот на петтата етапа,[40] Скарпони ја освоил шестата етапа; нападнал на искачувањето до скијачкиот центар Сасотето,[41] и доаѓајќи до мала група, успеал да ги претекне Стефано Гарцели и Иван Басо на последното искачување во Камерино, достигнувајќи наклони од 12% на некои места.[42] Избегнал проблеми на завршната етапа и ја освоил својата прва победа во Светскиот пласман, 25 секунди пред Гарцели.[43] Откако учествували на арденските класици, Скарпони целел на Џиро д’Италија, каде бил еден од главните помошници за екипниот предводник Џилберто Симони. По охрабрување од тимскиот менаџер Џани Савио, Скарпони се впуштил во бегство на шестата етапа, која завршувала на италијанско-австриската граница.[44] Скарпони го откачил својот содружник од бегството, Васил Кириенка, на околу 10 километри од целта, и дошол сам до целта за негова прва етапна победа на некоја голема трка.[39] Исто така, бил во бегство на осумнаесеттата етапа; бил еден од осуммината возачи кои се одвоиле од поголема група на 25 возачи на 15 километри до целта и се бореле во спринт за етапната победа, каде Скарпони преовладал, со што дошол до втората етапна победа на Џиро д’Италија.[45] На крајот, завршил на 31. место во генералниот пласман.[46] По Џиро д’Италија, Скарпони потпишал продолжување од една година на договорот со екипата, до крајот на 2010 година.[47] Учествувал на низа еднодневни трки во текот на втората половина на сезоната, завршувајќи меѓу првите десет на Пруеба Вилјафранка де Ордизија (деветти), Копа Уго Агостони (шести) и ГП Индустрија е Комерчо ди Прато, каде завршил седми.[48] Скарпони бил избран за Светското друмско првенство во Мендрисио, Швајцарија,[49] каде не успеал да ја заврши друмската трка.[50] 2010![]() Скарпони ја започнал сезоната 2010 со пласмани меѓу првите десет: седми на Џиро ди Сардења[52] и деветти на Класика Сарда во февруари,[53] пред да се обиде да ја одбрани титулата на Тирено-Адријатико. Го презел водството на трката со победа на четвртата етапа,[54] напаѓајќи со Винченцо Нибали, пред да го отфрли до целта. Подоцна, изгубил време од Стефано Гарцели на следните две етапи и влегол на завршниот ден со само две секунди предност.[55] Екипата на Гарцели, Аква & Сапоне, успеале да го спроведат својот предводник за да освои секунда на секој од двата средни спринта, а етапата била подобна за спринтери, со што Гарцели го презел водството и ја освоил трката.[56][57] Потоа настапил на Сетимана Чиклистика Ломбарда, каде го освоил воведниот пролог,[58] хронометар од 6,6 километри. Завршил втор на другите две етапи, со што ја освоил трката со 22 секунди предност пред најблискиот соперник, Рикардо Рико.[59][60] Како негова последна подготвителна трка пред Џиро д’Италија, Скарпони завршил четврти на Џиро дел Трентино, пропуштајќи подиум за само две секунди зад Доменико Поцовиво, кој направил доволна разлика за да го претекне со победа на завршната етапа.[61] Скарпони ја предводел екипата на голема трка по првпат, предводејќи ја екипата Андрони Џокатоли.[62] Откако скоро и да бил невидлив во првата половина од трката, Скарпони напорно работел до место во генералниот пласман кога трката пристигнала во високите планини. Завршувал трет два дена по ред, на етапата 14 до Монте Грапа[63] и на етапата 15 до Монте Ѕонколан; на втората етапа бил во водечката група додека не отпаднал од Кедел Еванс и Иван Басо.[64] Останал осми во генералниот пласман кога ја преземал престижната победа на етапата 19, каде се одвоил од групата со колегите од Ликвигас-Доимо, Нибали и Басо. Басо се обидувал да го преземе водството на трката, со тоа што Нибали и тој го сработиле поголемиот дел од опасниот спуст и подоцнежното качување, оставајќи го Скарпони доволно свеж за да го претекне двоецот.[65] Поради тоа, Скарпони се поместил на четвртото место во генералниот пласман;[66] доцнел само една секунда до место на подиум следниот ден, но на крајот завршил тринаесет секунди на четвртото место,[51] по завршниот поединечен хронометар во Верона.[67] Исто така, завршил на четвртото место во бодовниот пласман и петти во планинскиот пласман. Со исклучок на Трката Бриксија и Вуелта а Бургос, Скарпони настапувал на еднодневни трки до крајот на сезоната; освоил три места на подиум есента, трето место на Џиро дел’Емилија[68] и втори места на Гран Премио Индустрија е Комерчо ди Прато,[69] и исто така на трка од Светскиот пласман − на неговата завршна трка за Андрони Џокатоли[70] − на Џиро ди Ломбардија.[71] 2011–2013: Лампре-ИСД2011Скарпони се преселил во Лампре-ИСД за сезоната 2011,[72] потпишувајќи двегодишен договор со екипата.[73] Скарпони го имал својот прв настап со екипата на Џиро ди Сардења, каде ја освоил завршната етапа по доцен напад; завршил на крајот на трката на четвртото место, пропуштајќи да се качи на подиум за единаесет секунди.[74] Негова следна трка била Тирено-Адријатико; бил сметан за кандидат за победа, но не и за фаворит, поради релативно слабите резултати на хронометрите.[75] Откако изгубил време на воведниот екипен хронометар, Скарпони ја освоил четвртата етапа на трката до Кјети; заедно со пет други возачи се одвоил од групата на завршното искачување и со колегата Дамијано Кунего исто така во можност да го контролира темпото на главната група, Скарпони успеал да се одвои дополнително и покрај тоа што имал проблеми при крајот, се одржал за победа со неколку должини на тркалото пред Кунего.[76] Завршил трет на претпоследната етапа и на крајот завршил како трет зад Кедел Еванс и Роберт Гесинк, а го освоил бодовниот пласман поради големиот број бодови освоени на етапите на средните спринтови и на етапните завршници.[77] Скарпони имал одличен резултат на Милано-Санремо, првиот монумент во сезоната. Откако водечката група се одвоиле и Скарпони го пропуштил нивното одвојување, поради што нападнал на Чипреса и успеал да ја премости разликата до водечката група.[78] Останал напред со групата до целта,[79] каде завршил на шестото место – тоа било негов најдобар резултат на трката. Потоа, Скарпони настапил на Волта а Каталуња неколку дена подоцна, завршувајќи втор во генералниот пласман зад Алберто Контадор. Пред Џиро дел Трентино, Скарпони вежбал на големи височини на Етна, каде неговата соба била пребарувана од италијанската полиција.[80] Скарпони победил на Џиро дел Трентино; се одвоил со Тома Веклер на завршното искачување на втората етапа и двоецот останал напред до крајот, при што Веклер го освоил спринтот, но Скарпони го преземал водството.[81] Го одржал водството на трката, освојувајќи ја за првпат.[82] По завршувањето на трката, вежбал повеќе етапи од Џиро д’Италија, кои требало да се одржат на Доломитите.[83] ![]() На Џиро, по „задоволувачкиот“ екипен хронометар со екипата Лампре-ИСД на првиот ден,[84] Скарпони скоро да ја освоел седмата етапа, завршувајќи втор зад Барт де Клерк за должина на гумата, откако се обидел да го претекне во последниот километар.[85] Временскиот бонус на етапата го ставило на само четиринаесет секунди зад предводникот на трката на петтото место.[86] Скарпони загубил време на деветтата етапа, најтешката етапа дотогаш со завршница на Етна; се обидел да го следи нападот на Алберто Контадор, но брзо го изгубил темпото и на крајот изгубил 67 секунди од Контадор. Коментаторите чувствувале дека Скарпони бил „загубен физички и тактички“ и платил за своите напори на искачувањето,[87][88] но останал на петтото место во генералниот пласман. Лампре-ИСД ја повеле главната група на завршницата од единаесеттата етапа во очекување Скарпони да ја освои етапата; меѓутоа, Џон Гадре извел изненадувачки напад во последниот километар и на крајот ја освоил етапата. Скарпони завршил осми, но ја пофалил неговата екипа, споменувајќи го особено Алесандро Петаки за нивната работа на чело на групата целиот ден.[89] На половина од Џиро бил на петтото место, 88 секунди зад предводникот на трката Контадор.[90] Пред вториот ден за одмор на трката, имало тешки завршници на планините на Доломитите.[91] Скарпони рано нападнал на првото искачување,[92] не не можел да направи разлика; Контадор завршил втор зад Хосе Рухано на етапата и го зацементирал своето водство за скоро две минути – Скарпони стигнал до третото место, доцнејќи над три минути.[93] На Ѕонколан, Скарпони првично ги следел Игор Антон и Контадор на искачувањето, но не можел да го следи нивното темпо и поради тоа бил претекнат од Нибали, кој се приближил од групата зад нив. Скарпони изгубил уште педесет секунди зад Контадор и паднал на четвртото место во генералниот пласман, додека Антон се поместил пред него.[94] Скарпони бил многу поблизу до Контадор на искачувањето Гардеча, губејќи само четиринаесет секунди; меѓутоа, завршил доста пред Антон и Нибали и затоа се искачил на второто место во генералниот пласман.[95][96] Кога Контадор бил доволно далеку, фокусот на трката се префрлил да се зачува второто место од Нибали. Планинскиот хронометар на етапата 16 му донеле само 4 секунди на Нибали, каде што Скарпони се обидел да ги ограничи своите загуби пред завршната етапа.[97] Нибали надоместил 13 секунди на етапата 19,[98] но следниот ден изгубил 22 секунди од групата на Скарпони-Контадор на завршницата во Сестриере.[99] Иако бил полош хронометрист од Нибали, Скарпони изгубил само десет секунди на растојанието од 26 километри, со што го запечатил второто место со 46 секунди; изгледал „задоволен“ со пласманот на Џиро, и покрај тоа што завршил над шест минути зад Контадор.[100] Скарпони настапил и на Вуелта а Еспања подоцна во сезоната, повторно како предводник на екипата Лампре-ИСД.[101] Завршил втор зад Хоаким Родригес на осмата етапа,[102] но немал поголеми успеси во генералниот пласман; ја напуштил трката на етапат 14, доцнејќи зад предводникот Бредли Вигинс за над 24 минути.[103] Во февруари 2012 година, на Контадор му биле одземени победите на Волта а Каталуња и Џиро д’Италија,[104] по одлуката на Арбитражниот суд за спорт (CAS) по неговиот позитивен тест за кленбутерол на Тур де Франс 2010.[105] Бидејќи Скарпони завршил втор на обете трки во 2011 година, ретроактивно бил прогласен за победник.[106][107] 2012Прва етапна трка за Скарпони во сезоната била Тирено-Адријатико во март, каде имал послаби резултати во однос на претходните години, завршувајќи седми на крај.[108] Потоа, Скарпони учествувал на Трката околу Баскија, каде бил дел од водечката група на завршното искачување на третата етапа, пред да опадне и да заврши седми на етапата.[109] На крајот ја завршил трката на осмото место во генералниот пласман.[110] Подоцна во април, Скарпони завршил шести на Џиро дел’Апенино[111] и додал уште едно осмо место на Лиеж-Бастоњ-Лиеж.[112] Откако му било доделена победа во 2011 година, Скарпони бил во можност да ја брани неговата титула на Џиро д’Италија во мај,[113] предводејќи ја Лампре-ИСД со поддршка од Дамијано Кунего како главен помошник.[114] ![]() Откако изгубил време на обата хронометри одржани на првите четири етапи,[115] Скарпони напредувал на првата завршница на нагорнина - етапата 7 - на Рока ди Камбио. Лампре-ИСД ја водела групата на чело пред искачувањето, додека Пшемислав Њемјец го заштитувал Скарпони, пред Скарпони да направи напад на искачувањето, а возачот на Астана, Паоло Тиралонго го следел; Скарпони го задржал водството до крајната кривина, кога Тиралонго го претекнал и ја освоил етапата.[116] Скарпони влегол меѓу првите десет во генералниот пласман по етапата 14, а по три етапи и меѓу првите пет, со шестото место на етапата 17. Скарпони бил еден од шестемина во водечката група која останала на преминот Џау; отпаднал кон врвот на искачувањето заедно со Ригоберто Уран, но обајцата успеале да се вратат до групата на спустот.[117][118] На етапата 19, Скарпони се обидел да ја растури групата на фаворити на завршното искачување, но не успевал.[119] На крајот ја завршил етапата на четвртото место, но се искачил на третото место во генералниот пласман.[120] Претпоследната етапа на трката била кралска етапа; пет категоризирани искачувања, од кои последниве две, преминот Мортироло од прва категорија и преминот Стелвио од екстра категорија, каде и завршувала етапата.[121][122] На Стелвио, Рајдер Хесједал го подигнал темпото до ниво кога само Хоаким Родригес и Скарпони можеле да го следат.[123] Во рамки на последните 5 километри, Скарпони тргнал напред и бил следен само од Родригес, без движење од Хесједал. Родригес успеал да го достигне и помине Скарпони за четврти на етапата, додека Томас де Гент надополнил скоро четири минути пред него по победата на етапата и Скарпони имал водство од само половина минута,[124] пред завршниот хронометар. Де Гент се очекувало да земе место на подиумот бидејќи бил подобар во хронометар од Скарпони.[125] Де Гент завршил со време 34' 07" – доволно добро за петто место – и бил подобар од Скарпони, кој забележал време од 35 минути.[126] Затоа, Скарпони завршил четврти, додека Хесједал ја зел победата на трката.[127] По Џиро д’Италија, Скарпони потпишал едногодишно продолжување на неговиот договор – потпишувајќи до крајот на сезоната 2013[128] – пред да одлучи да се насочи на Тур де Франс,[129] трка на која не настапил од 2004 година.[130] Скарпони изгубил околу две минути на шестата етапа, откако задоцнил поради пад кој бил наречен „масакр Мец“,[131] каде бројни возачи паднале.[132] Доцнејќи над десет минути по деветтата етапа, Скарпони се вклучил во бегството на следната етапа.[133] Откако групата се поделила, Скарпони бил еден од петте возачи кои се одвоиле до крајот на етапата, но завршил втор зад Тома Веклер на завршницата.[134] Скарпони немал посебно учество во вториот дел на трката и на крајот завршил на 24. место,[51] скоро еден час зад победникот Бредли Вигинс.[135] Скарпони бил привремено суспендиран од неговата екипа во ноември 2012 година откако признал дека вршел тестови со Микеле Ферари, доктор чие име било поврзувано со бројни случаи на допинг во велосипедизмот.[136] Неговата плата во тоа време била обелоденета и изнесувала 700.000 евра годишно.[137] Италијанскиот олимписки комитет (CONI) побарал тримесечна забрана за Скарпони,[138] заедно со Џовани Висконти, бидејќи работеле со Ферари; ова завршило на 12 декември 2012 година, заедно со казна од 10.000 евра, почнувајќи од 1 октомври 2012 година. Ова значело дека Скарпони можел да настапува следната година.[139] 2013И покрај тоа што можел да настапи на трките, Скарпони не ја започнал сезоната до крајот на февруари, завршувајќи деветти на ГП Чита ди Камаиоре. Завршил двапати меѓу првите десет на Париз-Ница, пред да настапи на Волта а Каталуња. Скарпони бил петти пред завршната етапа во Барселона, но ја премостил разликата од 20 секунди за место на подиум. Ја завршил етапата на четвртото место, а разликата од 21 секунда во однос на главната група му овозможила да се искачи до третото место во генералниот пласман, претекнувајќи ги Наиро Кинтана и Бредли Вигинс.[140] Откако настапил на Џиро дел Трентино, Скарпони го продолжил подготвувањето за Џиро д’Италија со четвртата завршница меѓу првите десет на Лиеж-Бастоњ-Лиеж, завршувајќи на петтото место откако изгубил во спринт со Алехандро Валверде и Карлос Бетанкур.[141] Потоа се насочил кон Џиро д’Италија, каде повторно ја предводел Лампре-Мерида.[142] Само еднаш се нашол меѓу првите десет на некоја етапа во првата половина на трката, најдобар резултат му бил шестото место на осмата етапа; на крајот завршил четврти во генералниот пласман, исто место како во 2010 и во 2012 година.[51][143] Откако настапил на Тур де Свис, Скарпони учествувал на националните првенства, одржани на патеката на Трофео Мелинда. Скарпони бил дел од триото напред, кое останале на чело на трката до крајот, заедно со Иван Сантаромита и Давиде Ребелин; Скарпони успеал да биде подобар од Ребелин во спринтот, но бил претекнат од Сантаромита, кој го освоил првенството.[144] Потоа, Скарпони продолжил да се подготвува за Вуелта а Еспања, настапувајќи на Трката околу Полска во меѓувреме. Скарпони завршил на 15. место на крајот на Вуелта а Еспања, имајќи најдобар етапен пласман на петнаесеттата етапа, кога завршил втор; бил дел од 28-члено бегство, но бил последен возач кој се одвоил од групата, откако Александар Жење завршил три минути напред како етапен победник.[145] Потоа, Скарпони ја освоил одложената Гран Премио дела Коста Етруски, негов прв успех од победата на Џиро д’Италија 2011; нападнал од водечката група на еден километар до целта и на крајот неговата екипа имала 1-2-3 успех на подиумот, откако Диего Улиси и Филипо Поцато го заокружиле подиумот.[146] Скарпони бил избран за Светското друмско првенство во Фиренца, Италија, каде завршил на 16. место – и втор најдобар Италијанец зад Винченцо Нибали – на друмската трка.[147] Ја завршил сезоната со осмото место на Џиро дел’Емилија,[148] но одбрал да не го продолжи договор со Лампре-Мерида. ДопингСкарпони бил привремено суспендиран од неговата екипа во ноември 2012, откако признал дека изведувал тестови со Микеле Ферари, доктор чие име е поврзувано со бројни случаи на допинг во велосипедизмот.[149] Неговата плата била замрзната за тоа време, што изнесува 700.000 евра годишно.[150] 2014–2017: Астана![]() За сезоната 2014, Скарпони се преместил во екипата Астана,[151] потпишувајќи првично едногодишен договор.[152] Негова прва трка со екипата била Тур де Сан Луис во јануари, пред да забележи завршници меѓу првите десет на три етапни трки во пролетта: бил деветти на Вуелта а Андалусија и Тирено-Адријатико и завршил место погоре на Џиро дел Трентино.[153] Бил одбран како предводник на екипата за Џиро д’Италија,[151] и бил именуван како еден од фаворитите пред трката за генералниот пласман;[154][155] Скарпони бил „оптимист“ за неговите шанси на трката.[156] Паднал на шестата етапа,[157] губејќи скоро две минути и изгубил уште 10 минути две етапи подоцна,[158] откако предводник на екипата станал Фабио Ару; на крајот се откажал од трката на етапата 16.[159] На Тур де Франс бил клучен помошник за победникот, Винченцо Нибали.[160] Скарпони останал со Астана во сезоната 2015. Ја предводел екипата на Трката околу Баскија, каде завршил шести на крајот,[161] завршувајќи и шести на две етапи. Тој и Нибали земале учество на Тур де Романди, каде Скарпони го пропуштил пласманот меѓу првите десет - во однос на Нибали - за осум секунди.[162] На Тур де Франс повторно возел како поддршка на Нибали,[163] кој завршил четврти на крајот.[164] На Вуелта а Бургос бил дел од екипата која го освоила екипниот хронометар на втората етапа[165] и со уште две други четврти места на етапите, Скарпони завршил на второто место во генералниот пласман, две секунди зад колегата Реин Тарамае.[166] Во септември 2015 година,[167] било објавено дека Скарпоно повторно го продолжил договорот за уште една година со Астана. Повторно ја започнал сезоната на Тур де Сан Луис, пред да се префрли на пролетните италијански етапни трки. Не успеал да заврши на Тирено-Адријатико, не успевајќи да ја започне последната хронометарска етапа откако ја скршил клучната коска претходниот ден.[168] Пропуштил еден месец од трките додека се опоравил и се вратил на Џиро дел Трентино. Астана го освоил воведниот хронометар, а Скарпони главно бил помошник, додека Танел Кангерт освоил две етапи на трката. Скарпони на крајот ја завршил трката на 14. место.[169] На Џиро д’Италија бил клучен помошник за крајниот победник Винченцо Нибали,[170] помагајќи му да дојде од скоро пет минути доцнење во генералниот пласман до победа со 52 секунди пред Естебан Чавес.[171] Настапил на Тур де Свис, пред летната пауза, каде објавил уште еден 12-месечен договор со екипата за 2017 година.[172] Како подготовка за Вуелта а Еспања, Скарпони настапил на Вуелта а Бургос, каде како што било во 2015 година, Астана го освоиле екипниот хронометар.[173] Скарпони ја повел екипата на Вуелта, завршувајќи на три етапи меѓу првите 10, но го пропуштил пласманот меѓу првите 10 на крајот на трката, завршувајќи на 11. место.[174] Скарпони ја започнал сезоната 2017 со настап на трките Волта а ла Комунитат Валенсијана и Волта ао Алгарве во февруари, завршувајќи меѓу првите 20 на обете трки.[175][176] Потоа настапил на Тирено-Адријатико, завршувајќи петнаесетти на крајот,[177] пред да настапи на Трката на Алпите, наследник на Џиро дел Трентино. На воведната етапа, Скарпони создал дел од група која се одвоила на последното искачување.[178] Скарпони имал најдобар спринт и ја освоил својата прва поединечна победа од успехот на Гран Премио дела Коста Етруски 2013.[179][180] Ја завршил трката на четвртото место.[181] СмртСкарпони починал на 22 април 2017 година откако бил удрен од комбе додека возел велосипед близу неговиот дом во Филотрано.[181][182] Настапил на Трката на Алпите еден ден претходно.[183] Возел долж регионалниот пат SP 362, 1 километар од центарот на градот. По Трката на Алпите, Скарпони тренирал за Џиро д’Италија 2017, каде требало да ја предводи екипата Астана, откако Фабио Ару се повлекол поради повреда.[184] Несреќата се случила во 08:00 месно време; бил удрен на раскрсница (Вија Скјавони) од комбе марка Ивеко Дејли возено од 57-годишен месен занаетчија Џузепе Џакони, кој – според изјавите дадени на карабиниерите (италијанска полиција) – не го видел Скарпони.[185][186] Возачот се знаел со таткото на Скарпони, Џакомо, кој изјавил: „Се знаеме добро. Јас изгубив син, но мислам и на него исто така“.[186] Кривичната истрага завршила во средината на февруари 2018 година, откако Џакони починал од рак.[187] Во деновите по смртта на Скарпони, почести за него биле оддавани на професионалните трки, првпат на Трката околу Хрватска следниот ден со минута молк и потоа на Лиеж-Бастоњ-Лиеж ден потоа со аплауз. На обете трки возачите носеле црни ленти на рацете.[188][189] Алехандро Валверде победил на Лиеж-Бастоњ-Лиеж и ја доделил неговата награда на семејството на Скарпони.[190] Поранешниот колега и близок пријател Винченцо Нибали ја посветил својата победа на Трката околу Хрватска на Скарпони.[191] Минута молк било исто така одржано пред натпреварот од Серија А помеѓу Јувентус и Џенова во Торино.[192] Погребот се случил на 25 април на фудбалскиот стадион во Филотрано и присуствувале близу 5.000 луѓе. Богослужбата била предводена од кардиналот Едоардо Меникели.[193] На 30 април 2017 година било објавено дека Астана ќе настапи на Џиро д’Италија само со осум возачи, во чест на Скарпони.[194] Џиро д’Италија ја посветило етапата 16 до искачувањето Мортироло – кое одиграло улога во неговата последна етапна победа на трката во 2010 година – на Скарпони, давајќи двојно повеќе бодови на првиот возач кој ја поминал целта во планинскиот пласман.[195] Во септември, Петер Саган ја посветил победата на Светското друмско првенство на Скарпони. Во јануари 2018 година било објавено дека Тирено-Адријатико ќе има етапна завршница во неговиот роден град, Филотрано.[196] Личен животСкарпони бил оженет со Ана Томази, со која имал близнаци, Џакомо и Томазо.[181][197] Достигнувања
Распоред на резултатите на етапните трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia