Спортска сала Боро Чурлевски
Спортска сала „Боро Чурлевски“, позната и по старото име „Младост“ — повеќефункционално спортско здание, односно спортска сала во Битола и е користена првенствено за кошаркарски и ракометни натпревари.[2] Во зградата има и простор за пинг-понг, како и куглана. Во неа играат КК Пелистер, Еурофарм Пелистер 2 (поранешен Пелистер) и РК Еурофарм Пелистер (поранешен Еурофарм Работник), а е користена и за одржување на концерти. Сместивоста е околу 2.785 гледачи. ИсторијаСалата била домаќин на завршницата на Купот на Македонија во кошарка 2007. Оваа спортска сала била најголема на територијата на Република Македонија, пред изградбата на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје. Во јануари 2017 година, било започнато реновирањето на внатрешноста на салата.[3][4] Со реновирањето биле опфатени подот, трибините, бил поставен нов семафор, а претходно бил поставен нов систем за греење [5][6]. На 6 април 2017 година со мечот РК Пелистер - РК Металург во второто коло на плеј-офот на ракометната Суперлига, бил одигран првиот натпревар во реновираната сала.[7] На крајот на јули 2018 година, името на салата било сменето во „Боро Чурлевски“, во чест на рано починатиот Боро Чурлевски, поранешен битолски ракометар.[8][9] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia