^1 Француски катастар на земјиште кој не ги вклучува естуарите, езерата, вештачките езера и ледниците поголеми од 1 км2.
Приморска Сена (француски: Seine-Maritime) — департман во Франција во регионотНормандија во северна Франција. Се наоѓа на северниот брег на Франција, на устието на реката Сена и ги вклучува градовите Руан и Авр. До 1955 година департманот се викал Долна Сена. Во 2019 година департманот имал население од 1.255.633 жители.[2]
По победата на коалициските армии кај Ватерло, департманот бил окупиран од британските сили од јуни 1815 до ноември 1818 година.
1843 – Железници и индустрија
Во Руан, Елбеф и Болбек се зголемува бројот на текстилни фабрики. Металургијата и поморската градба исто така.
1851 - Републикански департман
По државниот удар на претседателот Луј-Наполеон Бонапарт од 1851 година, Долна Сена била еден од неколкуте департмани ставени во вонредна состојба[3] по стравувањата од значителен отпор кон новата влада.
Варовничкото плато Пеи де Ко (Pays de Caux), со неговото стрмо крајбрежје (Алабастерски Брег).
Нормандиски Пеи де Бре (Pays de Bray), со своите ридови и предели на бокаж.
Администрација
Департментот бил создаден во 1790 година како Долна Сена, еден од петте департмани што ја замениле поранешната покраинаНормандија. Во 1800 година биле создадени пет арондисмани во рамките на департманот, имено Руан, Авр, Дјеп, Нојфшател и Ивето, иако последните два биле расформирани во 1926 година. На 18 јануари 1955 година, името на департманот било променето во Приморска Сена, со цел да се обезбеди име со попозитивен звук и да се усогласат со промените направени во голем број други француски департмани.
Главни градови
Најнаселена општина е Авр ; префектуратаРуан е втора најнаселена. Од 2019 година, има 7 општини со повеќе од 20.000 жители:[2]
Романот „Плоштад“ (La Place) од Ани Ерно во голема мера се одвива во Приморска Сена и ги опишува настаните и промените што се случуваат во однос на француското општество во 20 век, особено во однос на руралното население.
Првата приказна од долготрајната серија Валеријан и Лорелин е сместена во Приморска Сена, со ликот Лорелин кој потекнува од областа.