Ратка Радмановиќ
Ратка Радмановиќ (19 мај 1940, Кочани - 3 октомври 2023, Битола) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. ЖивотописРодена во Кочани, најголем дел од кариерата работела во Народниот театар во Битола. Остварила и низа улоги во театрите во Кочани, Струмица, Штип и Куманово. Има остварено низа на впечатливи улоги на сцените на македонските театри особено во Народниот театар во Битола каде долго време и по пензионирањето имала носечки улоги на репертоарот. Радмановиќ остварила дваесеттина улоги на филм, каде остварила главни улоги во: Сенки и Мајки на Милчо Манчевски, Панкот не е мртов на Владимир Блажевски, Трето полувреме на Дарко Митревски, Ослободување на Скопје на Раде Шербеџија и последните Врба и Кајмак на Милчо Манчевски. Радмановиќ посебно е активна по пензионирањето. Починала во Битола, на 3 октомври 2023 година.[1] ФилмографијаРадмановиќ ги остварила филмските улоги:[2]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia