Религија во ГрузијаПоради фактот што во Грузија живеат различни етнички заедници, соодветно на тоа во земјата има повеќе видови на религиозни организации. ИсторијаГрузија има долга историја на верската хармонија во рамките на своите граници, и покрај историските конфликти со околните народи. Во текот на својата историја, различни верски организации опстојувале на териториијата на денешна Грузија, проследени од верски дискриминации[1]. Еврејските заедници главно се населени во двата најголеми градови Тбилиси и Кутаиси. Азербејџанските групи, кои во главно се муслимани се концентрирани главно во новните автономни области во земјата. Ерменската Православна црква, која на некој начин се разликува од грузиската, има статус на автокефална црква. Според Уставот на Грузија, верски институции се одвоени од Владата и секој граѓанин има право на избор на религија. Во историјата, Евангелието било проповедано на овие простори од страна на Апостол Андреј, Апостол Симон и Апостол Матеј. Кавкаска Иберија официјално била христијанизирана во 326 [2] Света Нина од Кападокија. Грузиската Православна Црква, добила статус на автокефална во 4 век за време на владеењето на кралот Вахтанг Горгасали[2]. ХристијанствоДенес, поголемиот дел од населението на Грузија се православни христијани, пред сè членови на Грузиската Православна Црква. Од нив (82%), околу 2% се припадници на Руската православна црква, околу 3,9% од населението Ерменската апостолска црква, од кои речиси сите се етнички Ерменци. Католиците сочинуваат околу 0,8% од населението и главно се наоѓаат во јужниот дел на Грузија и еден мал број во Тбилиси. ИсламСпоред информации на ЦИА, муслиманите се околу 9,9% од населението,[3] и главно се наоѓаат во регионоите на Аџарија и Долна Картли а ги има и во престолнинара Тбилиси. ЈудаизамИсто така, постои значителен број на Еврејско население во Тбилиси каде имаат изградено две синагоги. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia