Религија во ЛитванијаНајголемиот дел од верниците во Литванија се римокатолици. Според последната анкета спроведена од страна на Евробарометар во 2005,,[1]
ХристијанствоРимокатоличка црква![]() 79% од Литванците припаѓаат на Римокатоличката црква.[2] Некои католички свештеници пружиле отпор на комунистичкиот режим кој продолжил да постои по независноста. Во близина на Шиулај се наоѓа Ридот на Крстовите, нарекуван и храм на антикомунистичкиот отпор. Латинските крстови биле забраниети од страна на Руската Православна кон крајот на 19 век. Советските власти продолжиле со забраната. ПравославиеВкупниот број на православни верници во земјата е околу 4.5%, претежно Руси.[2] ПротестантствоВкупниот број на протестанти е 0,8% од вкупниот број на население, претежно на Евангелската Лутеранска црква на Литванија [2]. Постојат и мали протестантски заедници во северните и западните делови на земјата. Самогитија била историски позиционирана помеѓу двете германски држави под контрола на Ливонија на север и Источна Прусија. Во 16 век, од овие два региони започнало да се шири Лутеранство. Мнозинството од пруските Литванци кои живеат во Источна Прусија и во Мемеланд се членови на Пруската Евангелистичка црква. По 1945 бројот на верниците на Лутеранскиот протестантство во Литванија се намалил. Во земјата од 1990 година опстојуваат и Обединетите методисти[3], Баптистичката црква[4] и Менонитите[5] . ИсламВо Литванија, исламот има долга историја за разлика од многу други северните европски земји. Во времето на Големото Кнежевство Литванија и Полско-литванската Државна Заедница на јужните делови од земјата се населиле кримските Татари [6] Денеска овие Татари се нарекуваат Литвански Татари. ЈудаизамСпоред пописот од 2001 година, вкупниот број на евреи бил 1.272.[7] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia