Реми Кабелја
Реми Кабелја (француски: Rémy Cabella р. 8 март 1990 во Ајачо) — француски фудбалер, играч од средниот ред на Олимпик Марсеј, на заем од Њуксал Јунајтед.[1] Технички одликиТој е офанзивен играч од средниот ред, опишан како некој кој има извонредна контрола на топката и квалитетен дриблинг, како и потребната брзина. ЖивотописРеми е роден во Ајачо, Корзика од мајка корзиканка и татко италијанец. Тој е третото во семејство со четири деца, и израснал во областа на От де Бодисион во Ајачо. Фудбалот почнува да го интересира уште на возраст од три години и во 1993 започнува да игра во ФК Ајачо, а потоа и во Газелек Ајачо. Извесно време тренирал и во екипата на АФА, а потоа се врати во Газелек каде останал до својата 14 година.[2] Клупска кариераМонпелјеСледен од неколку клубови, тој ја напуштил Корзика во 2004 година и му се приклучил на Монпелје. Кабелја ги поминал сите младински категории играјќи за тимовите под 14, 15, 16 и 18 години. На 9 мај 2009, тој ги импресионирал присутните на Стад де Франс во финалето на Гамбардела купот кога со соиграчите Бенжамин Стамбули и Јунес Белханда го совладале Нант. Кабелја го постигнал вториот гол за својот тим во победата со 2-0.[3]. Во јули 2009 година, Кабелја го потпишал првиот професионален договор со клубот во вредност од три години.[4]. Сепак сериозната повреда која ја заработил на тренинг во септември го принудила да се подложи на операција на предниот вкрстен лигамент во десното колено, пропуштајќи го почетокот на својата професионална кариера и бил надвор од акција за неколку месеци.[5] Така, својот прв повик за настап во првиот тим во Лига 1, го имал на 10 април 2010 за време на натпреварот против Ле Ман, во кој останал на клупата како неискористена замена.[6] После тоа тој се нашол на клупата уште во два други натпревари но без можност да го направи своеот деби. По завршувањето на сезоната го продолжил својот договор со Монпелје до 2014 година.[7]. Во јули 2010, Кабелја бил позајмен на една година на Арл-Авињон, кој само што изборил промоција во Лига 1.[8]. Сепак, како и претходната година, тој се повредил рано во сезоната овој пат ги скинал кинење квадрицепсите.[9]. Конечно, дебито во Лига 1, Кабелја го имал на 4 декември 2010 година, во натпреварот против Нанси на домашен терен.[10] Својот прв старт го имал на 22 декември 2010 против Ница,[11] а првиот гол го постигнал на 12 март 2011 против Лорјан.[12] По осумнаесет одиграни натпрвари во кој постигнал три гола, тој се вратил во Монпелје. Кабелја го направил своето деби за Монпелје во победата со 3-1 над Осер на Стад де ла Мосон игран на 6 август 2011.[13] На 21 септември 2011, го постигнал првиот гол за клубот и тоа во својот роден град, против ФК Ајачо (1-3).[14] На 8 јануари 2012, Кабелја за првпат постигнал два гола на еден натпревар против екипата на При-ле-Мезјер од Шарлевил Мезјер во Купот на Франција. На 24 јануари 2012 година, уште еднаш го продолжил неговиот договор со својот прв клуб за уште две сезони до 2016 година.[15] и е избран за млад фубалер на годината во Лига 1 за сезоната 2011-2012.[16]. На 20 мај 2012, станал шампион на Франција откако во драматичен крај на првенството Монпелје ја освојува титулата со три бода повеќе пред Париз Сен Жермен. Кабелја придонел со три гола и две асистенции во 29 настапи. Новата сезона ја започнува со настап во Суперкупот на Франција во кои Монпелје се соочува со Олимпик Лион, 28 јули 2012 на Ред Бул Арената во Харисон во близина на Њујорк. Во регуларниот дел натпреварот завршил без победник 2-2, по што се шутирале пенали во кој Лион победил со 4-2. Кабелја го започнал натпреварот и играл до 64-тата минута кога бил заменет со Сулејман Камара. Тој го постигнал својот прв гол во сезоната 2012-2013 во Лига 1, на гостувањето кај Сошо, на 1 септември 2012 година. Кабелја го има своето деби во Лигата на шампионите на 18 септември 2012 во двобојот против Арсенал. За време на сезоната 2013-14, Кабелја постигнал 14 голови во 34 натпревари и беше најзаслужен што Монпелје избори опстанок во Лига 1. Њукасл ЈунајтедНа 13 јули 2014 година, Кабелја потпишал шестгодишен договор со Њукасл Јунајтед.[17] Тој го направил своето деби во официјален натпревар за новиот клуб на 17 август, кога Њукасл ја започнал сезоната со пораз од 2-0 на домашен терен од Манчестер Сити, играјќи ги комплетните 90 минути.[18] Титули
Надворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia