Оливје Жиру
Оливје Жиру (француски: Olivier Giroud, роден на 30 септември 1986) — француски фудбалер, напаѓач на Милан и француската репрезентација. Технички одликиВисок напаѓач, физички силен во двобоите. Познат е по прецизниот удар со глава, силниот шут и убиствениот завршен удар со кој ги тресе противничките мрежи.[2][3][4]. КариераРоден е во градот Шамбери, на 30 септември 1986 година. Пораснал во селото Фрож. Од 1994 до 1999 играл за ФК Фрож. На 13 години ја започнал својата обука во клубот ФК Гренобл каде во 2005 ја започнал својата сениорска кариера. Од 2007 до 2008 бил на позајмица во ФК Истр. Настапувал за Арсенал и Челси, додека во 2021 година потпишал за Милан. За репрезентацијата на Франција игра од 2011 и има постигнато 46 гола.[5][6][7][8][9] Бил дел од составот на триколорите кој го освоил Светското првенство 2018 во Русија. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia