Репрезентација на Македонија во хокеј на мраз
Репрезентацијата на Македонија во хокеј на мраз е репрезентација во хокеј на мраз на Република Македонија раководен од Хокеј федерацијата на Македонија која е придружна членка на Меѓународната хокејска федерација од 4 октомври 2001 година. ИсторијаРепрезентацијата на Македонија во хокеј на мраз својот прв натпревар го одиграла на 27 март 2011 година против бугарскиот клуб Црвена Ѕвезда Софија во Скопје. Натпреварот завршил со резултат 4–1 за гостинскиот клуб.[1] На 20 декември 2014 година, Македонија одиграла два пријателски натпревари против репрезентацијата на Бугарија во хокеј на мраз до 21 година во Скопје. Македонската репрезентација првиот натпревар го загубила со 6–5 по продолженија а на вториот натпревар победила со 4–3 по продолженија, забележувајќи ја првата победа во историјата.[2] На 20 и 21 јануари 2018 година, Македонија одиграла два меѓународни пријателски натпревари против репрезентацијата на Босна и Херцеговина во Сараево во текот на еден викенд. Македонија победила на првиот натпревар со 8–7 а на вториот натпревар загубила со 7–6 по продолженија.[3] Во ноември 2018 година, Македонија победила на Развојниот куп 2018, организиран од Меѓународната хокејска федерација а одржан во Фисен, Германија. Македонската репрезентација на турнирот ги одмерила силите со Андора, Ирска и Португалија и забележала победи на сите натпревари. Во финалниот натпревар, Македонија ја победила Португалија со 9–3.[4] Резултати против други земјиАжурирано по последниот натпревар: 21 ноември 2018[5]
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia