Блаже Миневски
Блаже Миневски (роден 1961 год. во Гевгелија) — македонски раскажувач, романсиер и драматург. Дипломирал на интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет - Скопје. Како новинар работел во повеќе весници и списанија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.[1] Моментално пишува за весникот „Денешен“. Книжевно творештвоМиневски е автор на следниве дела:
Исто така, Миневски е автор на драмите: „Крик“, изведена во 1991 година; „Лулка“, изведена во 1992 година; „Женски прилог за ноќта“, изведена во 1993 година; „Подготовки за добра смрт“, изведена во 1994 година; „Немушт јазик“, изведена во 2000 година. Сите драми на Блаже Миневски се објавени во книгата со наслов „Бивши луѓе“ (2000). Награди и признанијаМиневски е добитник на високи новинарски признанија: наградата „Крсте Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија (двапати) и двапати прва награда за репортажа на „Нова Македонија“. Исто така, тој е добитник на книжевните награди: „Рациново признание“, „Стале Попов“ (2007 и 2023[2]), „Роман на годината“ и повеќе награди за расказ. Миневски е застапен во сите понови антологии на македонскиот расказ, а неговите дела се преведени на англиски, француски, српски, бугарски, шпански, турски и албански јазик. Врз основа на податоците од регистрираните позајмувања на книги во 26 јавни библиотеки во Македонија, Миневски бил најчитан писател во 2013 година.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia