Рудина (Волковија)

Рудина

Карта

Местоположба 41°51′47″N 21°0′0″E / 41.86306°N 21.00000°E / 41.86306; 21.00000
Основни податоци
Место Волковија
Општина Брвеница
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Рудинаархеолошко наоѓалиште во тетовското село Волковија, т.е населба од доцноантичкото време. Наоѓалиштето лежи западно од селото, под патот што води за селото Чегране, каде по површината на нивите има градежен материјал и фрагменти од керамички садови и питоси. Во 1967 година бил откопан голем питос кој се чува во Музејот на тетовскиот крај[1]

Во 2010 било донесено решение на местото на археолошкото наоѓалиште да се изгради воспитно-поправен дом за малолетни лица. Точната локација на новиот ВПД во Рудина била определена под регионалниот пат што ги поврзува Тетово и Гостивар, во подножјето на Сува Гора, веднаш до постојниот рибник на „Тетекс“. Инаку, воспитно-поправниот дом во Тетово е изграден во 50-тите години од минатиот век. За време на воените дејства во 2001 година во објектите што го сочинуваа домот беше подметнат пожар и притоа речиси целосно уништен.[2][3] Самиот проект за изградба на ВПД-то предизвикал огромен револт на населението и во повеќе наврати имало протести и блокирања на проектот.[4][5]

Поврзано

  • Смрдешница — средновековна населба и некропола во Волковија

Наводи

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
  2. Ефтоски, Гојко (8 јуни 2010). „Во Волковија ќе се гради нов воспитно-поправен дом“. Утрински Весник. Посетено на 2011-08-01.
  3. Соколовски, Атанас (2 мај 2011, 13:25). „Мештаните протеститраат против изградба на воспитно поправен дом во тетовско Волковија“. Канал 5. Архивирано од изворникот на 2022-10-03. Посетено на 2011-08-01. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „ПРОТЕСТ КАЈ СЕЛО ВОЛКОВИЈА“. Телма. 2 мај 2011. Посетено на 2011-08-01.
  5. Ефтоски, Гојко (1 август 2011). „Волковија не сака „сив дом" во својот атар“. Утрински Весник. Посетено на 2011-08-01.


Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya