Русјачка парохија

Русјачка парохија — парохија која е под јурисдикција на Архијерејското намесништво од Македонски Брод и е со седиште во бродското село Русјаци во црквата „Воведение на Пресвета Богородица“.[1]

Во составот на ова парохија се селата: Русјаци, Латово, Пласница, Ореовец, Ижиште и Дворци.

Парохијата ја води парохискиот свештеник Марко Трпкоски.

Цркви и манастири

Ова е список на црквите во парохијата. Можно е списокот да не е целосен:

име населено место изградена слика
Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ Русјаци 1873
(главна парохиска црква)
Црква „Св. Пантелејмон“ Русјаци 1669
Црква „Св. Богородица“ Латово 1881
Црква „Св. Петар и Павле“ Латово 1938
Црква „Св. Никола“ Пласница 1484
Црква „Св. Архангел Гаврил“ Ореовец 1628
Црква „Св. Никола“ Ореовец 1692
Црква „Св. Никола“ Ижиште 1692
Црква „Св. Илија“ Ижиште
Црква „Св. Недела“ Ижиште
Црква „Св. Недела“ Дворци 1893
Црква „Св. Никола“ Дворци 1873
Црква „Св. Илија“ Дворци 1934

Поврзано

Наводи

  1. „Цркви во Русјачката парохија“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2012-07-14. Посетено на 30 октомври 2017.

Надворешни врски

41°47′59″N 21°09′08″E / 41.79972°N 21.15222°E / 41.79972; 21.15222

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya