Црква „Св. Никола“ - Ореовец
Св. Архангел Михаил — манастирска црква во поречкото село Ореовец, Општина Македонски Брод. Му припаѓа на Бродското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1] Црквата е сместена меѓу Долни и Горни Ореовец. Изградена е во поствизантиски стил. Во неа стои натпис кој вели дека е живописана во 1595 г. за време на султанот Мехмед III и изгледа оваа година воедно се однесува и на нејзината изградба или обнова.[2][3] Градбата претставува еднокорабен храм.[4] Меѓу фреските се забележува портретот на Свети Климент Охридски. На зачуваниот иконостас од крајоѕ на XVI век е поставен голем резбан крст со Распетието. Над вратата на манастирскиот храм е зачуван уште еден натпис со годината 1602.[5][6] Живописот е со висока уметничка вредност и близок на остварувањата на тајфата на мајсторот Никола Линотопски од Линотопската школа кој ја има работено црквата „Св. Димитриј“ во Палатица, Берско во 1570 г.[4] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia