Црква „Св. Никола“ - Ижиште
Свети Никола — главна селска црква во бродското село Ижиште.[1] Црквата е сместена надвор од селото во североисточна насока, а околу нејзе се наоѓаат самите селски гробишта. АрхитектураЦрквата претставува средновековна или поствизантиска градба. Таа е еднокорабна гробишна црква.[2] Целосно е живописана. Насликаното и стилските одлики (суво и речиси линеарно сликарство и сиромашната палета) се својствени на т.н. поствизантиска уметност застапена главно во периферните селски црквички на Балканот.[2] Внимание предизвикува допојасјето на „Св. Ѓорѓи Нови (Кратовски)“ во фризот на мачениците.[2] ИсторијаНајпрвин била изградена во XIV век, а подоцна била обновена и живописана во XVII век, или пак целосно изградена во 1692 година.[3] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia