Црква „Св. Никола“ - Пласница
Свети Никола — главна селска црква во бродското село Пласница.[1] Црквата е сместена во долниот дел на селото, а околу нејзе се наоѓаат малкуте христијански селски гробишта. МестоположбаЦрквата се наоѓа во селото Пласница, југоисточно од Кичево, на десниот брег на реката Треска. ИсторијаОд ктиторскиот натпис се дознава дека црквата била подигната во 1484 година.[2] Според други извори се тврди дека црквата потекнува од 1785 година.[3] АрхитектураГрадбаТаа е мала еднокорабна гробишна црква.[2] Камбанаријата на црквата потекнува од 1923 година.[4] ФрескоживописЖивописот црквата го добила истата година кога била и подигната, односно 1484 година. Стилските разбирања се блиски на т.н. мали работилници од крајот на XV век, чија активност се бележи во околината на Охрид и во посеверните делови.[2] Се издвојува огромното допојасје на патронот Св. Никола Скоропомошник, допојасјето на Св. Климент Охридски и фигурата на Св. Кирил Солунски.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia