СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ - Скопје

СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“

Место
Општина: Центар
Место: Скопје
Адреса: бул. „Мајка Тереза“
Основни информации
Основано: 1972; пред 52 години (1972)
Директор: Маја Салиу
Настава на: македонски и албански
Контактни информации
Портал www.medpk.edu.mk
е-пошта dsmupancekaragjozov@yahoo.com
тел. +389 (416) 109-9222
факс +389 (416) 109-9222

СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ (целосно име: Средно медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов“) — средно училиште во Скопје, Општина Центар. Училиштето претставува една од најстарите образовни установи во областа на медицината во Македонија.

Училиштето има свој ученички дом кој располага со сместивост од 107 легла, распределени во 25 соби. Во Ученичкиот дом има училници, просторија за дружби, канцеларии, кујна со помошна просторија, трпезарија, магацини, перална со пегларница и бањи кои севкупно даваат површина од 1,800 м2.

Местоположба

Местоположбата на училиштето е во непосредна близина на повеќе здравствени установи е од драгоцено значење за успешно и квалитетно одвивање на практичната настава, феријална пракса и соработка. Тука се вбројуваат: комплексот клинички установи при Државната болница (Клиники и Институти при Медицинскиот, Стоматолошкиот и Фармацевтскиот факултет), Градска општа болница - Ургентен центар, Здравствен дом, Републички и Градски Завод за здравствена заштита, аптеки, приватни здравствени организации и др.

Историја

Историјата на училиштето датира од учебната 1931/32 година, кога започнало неговото основање во рамките на Хигиенскиот завод. Првичната настава била изведувана во тврда градба која датира уште од 1931 година, која денес претставува дел од ученичкиот дом. Во 1934 година, била изградена првата училишна зграда, исто така дел од ученичкиот дом.

Во учебната 1945/46 година, училиштето ја започнала својата образовна дејност на македонски јазик, првично како Училиште за медицински сестри и негувателки, во просториите на сегашниот ученички дом. Во следните години, наставните програми се проширувале, па во учебната 1947/48 година, биле образувани Училиштето за помошници аптекари и фармацевтски тех­ни­­чари, Санитарното училиште и Училиштето за забари, со што била зголемена разновидноста на медицинските струки што се изучувани.

Значајна реформа била спроведена во учебната 1972/73 година, кога сите овие образовни установи се обединиле во единствена образовна установа – Медицински училиштен центар „Д-р Панче Караѓозов“, под раководство на д-р Михаил Еленчевски. Со цел да бидат обезбедени оптимални услови за работа и настава, била изградена нова, современа училишна зграда, која било пуштена во употреба на 13 ноември 1973 година, при што старата зграда добила функција на ученички дом.[1]

Образовни профили

Во училиштето нуди 5 образовни профили од медицинската струка[2], при што за секој профил е потребен минимум од 70 поени за упис. Овие профили вклучуваат различни специјализации во областа на медицината, кои се дизајнирани да обезбедат основна теоретска и практична обука за студентите а тие се:

  • Забен техничар
  • Медицинска сестра/брат
  • Фармацевтски лабораториски техничар
  • Физиотеравпетски техничар
  • Медицински лабораториски техничар

Наставен кадар

Во македонските паралелки има 86 професори од кои 74 се жени а 12 се мажи. Додека во албанските паралелки имаат 56 професори од кои 32 се жени а 24 се мажи. Вкупно има 142 професори од кои 106 се жени и 36 се мажи.[3]

Наводи

  1. „Кои сме ние - SECONDARY MEDICAL SCHOOL D-R PANCHE KARAGJOZOV“. www.medpk.edu.mk. Посетено на 2025-02-14.
  2. „Тим - SECONDARY MEDICAL SCHOOL D-R PANCHE KARAGJOZOV“. www.medpk.edu.mk. Посетено на 2025-02-14.
  3. „Тим - SECONDARY MEDICAL SCHOOL D-R PANCHE KARAGJOZOV“. www.medpk.edu.mk. Посетено на 2025-02-14.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya