Општина Центар
Општина Центар — општина во состав на градот Скопје и е негова централна општина. Се наоѓа во средишниот и јужниот дел на градот, го опфаќа плоштадот Македонија, двата брега на реката Вардар и дел од планината Водно. Како централна општина на градот Скопје, а воедно и на Република Македонија на нејзината територија се наоѓаат Владата, Собранието, неколку министерства и многу државни заводи, агенции и управи. На територијата на општината се наоѓаат и ректоратот на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ заедно со неколку факултети и собранието на град Скопје. На југ и запад граничи со Општина Карпош, на север со Општина Чаир, а на исток со општините Аеродром и Кисела Вода. Општинско обележје е митолошката птица Феникс, која ја симболизира преродбата на градот по земјотресот во 1963 г. ГеографијаОпштина Центар зафаќа површина од 7,52 км2 и има густина на населеност од 6 032,18 жители/км2. ![]() Граници
ИсторијаСтопанствоДемографијаСпоред пописот од 2002 г. во Општина Центар живееле 45.412 жители, од кои:
Според пописот од 2021 г.[2] општината брои 46.749 жители,
Населби во Општина ЦентарПод подрачјето на Општина Центар не влегуваат села и одделни наслени места, односно целото подрачје на општината се протега на урбаната територија на градот Скопје. Во состав на општината влегуваат следниве населби и маала: Центар, Капиштец, Пролет, Буњаковец, Маџир Маало, Дебар Маало, Ново Маало, Пајко Маало, Водно, Крњево Маало, Парк Маало и Тасино Чешмиче. Во населбата денес како топоним односно месност постои Еврејско маало на чие место било еврејска населба сè до нивната депортација за време на Втората светска војна. Општествени установиСамоуправа и политикаГрадоначалник на општина Центар е Саша Богдановиќ од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Центар е составен од 23 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() СДСМ: 16 места ВМРО-ДПМНЕ: 7 места Органи![]() СоветСоветот на Општина Центар се состои од 23 члена, на чело со претседател. При советот функционираат и комисии по разни области:
Урбани заеднициЦелокупното подрачје на Општина Центар е поделено на 17 урбани заедници.[4] Тие имаат свое седиште, а со нив раководат претседателите на урбаните заедници. Највисок орган на урбаната заедница е Советот на урбаната заедница, составен од 7 членови на Советот, од кои еден е претседателот на урбаната заедница, кој и ги води седниците на Советот. Заради подобра координација на активностите на урбаните заедници, на иницијатива на претседателите на урбаните заедници е формирано Координативно тело на урбаните заедници во кое партиципираат сите урбани заедници претставувани од нивните претседатели. Со Координативното тело на урбаните заедници раководи претседателство во состав Мирчевски Дамјан- претседател на Координативното тело на урбаните заедници, Марковски Благоја, Игор Лешко, Драган Атанасовски и Стојан Донев - членови на претседателството на Координативното тело на урбаните заедници на општина Центар.
ВработениВо 2017 година, општината имала вкупно 792 вработени, од кои 98 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[5] Проект „Безбедност за сите“![]() Урбаните заедници на општина Центар, организирани преку Координативното тело на урбаните заедници, отпочна со реализација на проектот „Безбедност за сите“, проект за зголемување на безбедноста на граѓаните преку интензивирање на соработката со полицијата. Проектот е финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Р Македонија и претставува пилот проект од ваков карактер во Р Македонија и во земјите од соседството. Носител на проектот е Координативното тело на урбаните заедници, а соработници претставници од МВР - ПС Центар, Општина Центар, невладини организации и агенциите за обезбедување. Културни и природни знаменитости![]() На подрачјето на општината се наоѓаат многу културно-историски споменици и знаменитости по кои е препознатливо Скопје и Македонија. На подрачјето на општината се наоѓаат познатите Камен мост и скопското Кале (кои се застапени на грбот на градот Скопје). Исто така во Дебар Маало е остатокот од влезниот дел на првата македонска гимназија по Втората светска војна, потоа се наоѓаат црквите Свети Димитрија и соборниот храм Свети Климент Охридски (за жал со новата територијална поделба на Општина Чаир и беше придодадена една од најстарите и најбогатите македонски цркви „Свети Спас“ во која се наоѓа гробот на македонскиот херој и великан Гоце Делчев и извонреден резбан иконостас со непроценлива вредност). Збратимени општиниНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia