Фармацевтски факултет - Скопје
Фармацевтскиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје е прва јавна високообразовна установа во Македонија која врши високообразовна, научна и применувачка дејност од областа на фармацевтските науки. Претставува највисока образовна, научна и здравствена институција од областа на фармацијата во Република Македонија. Сместен е во центарот на Скопје во склоп на Клинички центар – Мајка Тереза (медицински универзитетски кампус) и се простира на вкупна површина од 3000 m2 во кои се сместени 5 институти,7 центри, 11 лаборатории, 4 предавални, е-библиотека и административен оддел. Основање и постоењеОснован е во 1977 година, како резултат на извршените анализи и урврдениот дефицит на фармацевтски кадри во Република Македонија, а за потребите на здравствената дејност, фармацевтско-козметичката индустрија и другите општествени потреби. Одлуката за основање на факултетот е донесена на ден 4.4.1977 година од Универзитетскиот совет на Универзитетот „Кирил и Методиј”, кога е формирана и работната група од еминентни професори и стопански работници кои го изготвија елаборатот за општествено-економската оправданост за основање на Фармацевтски факултет и за отворање на студии по фармација во земјата. Факултетот официјално почнува со работа во ноември 1977 година кога е запишана првата генерација студенти. Првата струдиска програма беше во траење од четири години и по завршувањето се стекнуваше звање дипломиран фармацевт. Во текот на 40-годишното постоење, Факултетот развил богата дејност во повеќе области, особено во наставно-образовната дејност, во научноистражувачката работа и во стручно-апликативната дејност. Денес, наставно-образовниот процес на Факултетот, во додипломската настава се одвива во рамките на три студиски програми, петгодишни студии за стекнување звање магистер по фармација и тригодишни студии за дипломирани лабораториски биоинженери и дипломиран диететичар/диетотерапевт. Во постдипломската настава активни се 11 програми од втор циклус студии, 8 програми од специјалистички студии од областите на здравствените специјализации и една програма од трет циклус – докторски студии.Воспоставени се високи критериуми за квалитет и образовни стандарди во студиските програми, предметните содржини, методите на учење и трансфер на знаење, и евалуацијата на стекнатото знење и вештини, компарабилни со оние на врвните европски и светски институции од областа. Факултетот е членка на Европската асоцијација на факултетите по фармација, што му овозможува будно следење на новите трендови во фармацевтската едукација и вложување напори да се биде во чекор со времето и да се одговори на потребите од создавање квалификувани фармацевтски кадри, обучени и оспособени за работа во сите сфери на фармацевтската дејност, усогласено со Европската директива за признавање на квалификации на регулирани професии. Студиски програмиНа Фармацевтскиот факултет Скопје постојат следниве додипломски студиски програми:
Декани
Институти![]() Во составот на факултетот функционираат следните институти:
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia