СУГС „8ми Септември“ - Скопје

СУГС „8ми Септември“
ЕМУЦ

Место
Општина: Гази Баба
Место: Скопје
Адреса: Бул. „Александар Македонски“ бр. 24
Основни информации
Основано: 2000; пред 25 години (2000)
Настава на: македонски и албански
Контактни информации
тел. 071/376-192

СУГС „8ми Септември“ (целосно име: Средно училиште на Град Скопје8ми Септември“; познато и како: „ЕМУЦ“) — средно училиште во Скопје, Општина Гази Баба.[1] Училиштето е наречено по Денот на независноста на Македонија.

Историја

Средното машинско училиште „8 Септември“ постои од 2000 година, кога со одлука на Владата на Република Македонија, биле обединети трите поранешни средни училишта: ЕМУЦ „Никола Тесла“, МУ „Гоце Делчев“ и ГМЦ „Чеде Филиповски - Даме“.

ЕМУЦ „Никола Тесла“ е едно од најстарите средни стручни училишта во Македонија, основано во раните 1950-ти години. Во него се школувале ученици од електротехничката и машинската струка.

МУ „Гоце Делчев“ првично функционирало во рамките на Заводот за вработување, каде што била вршена преквалификација и стручно оспособување на возрасни за машинската струка. Во 1970-тите години, училиштето станало самостојна образовна установа, најпрво под името „13 Ноември“, а подоцна како „Гоце Делчев“.

ГМЦ „Чеде Филиповски - Даме“ било основано по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, со поддршка на УНЕСКО, со цел образование на кадри од градежната и машинската струка.

Образовни профили:

Во училиштето има неколку струки, вклучувајќи машинска, геолошко-рударска и металуршка струка и сообраќајна струка тие се поделени на различни технички смерови. Конкретните профили се следниве:

Машинска струка (4 год. образование):

  • машински техничар
  • техничар за компјутерско управување
  • машински техничар за моторни возила
  • машинско енергетски техничар

Машиснка струка (3 год. образование) :

  • Заварувач
  • Oбработувач на метал
  • инсталатер на цевкини водови
  • инсталатер за греење и климатизација

Геолошко-рударска и металуршка струка :

  • металуршки техничар

Сообраќај, траснпорт и складирање :

  • Ракувач со машини за пренос на материјали

СУГС „Владо Тасевски“

Главниот влез на СУГС „Владо Тасевски“ во зградата на ЕМУЦ.

Во рамките на училиштето се одвива и наставата за албанските паралелки од СУГС „Владо Тасевски“. Од 2004 година, поради просторни капацитети и услови за изведување на наставата во СУГС „Владо Тасевски“, овие паралелки биле префрлени во СУГС „8 Септември“.

Во рамките на албанските паралелки во училиштето се изучуваат насоките техничар за транспорт и шпедиција и Електротехничар за компјутерска техника и автоматика

Наводи

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya