Светско првенство во ракомет за мажи 1938

Светско првенство во ракомет за мажи 1938
Податоци за турнирот
Домаќини Германија
Конечен исход
Првак Германија
Второпласиран Австрија
Третопласиран Шведска

Светско првенство во ракомет за мажи 1938 — прво светско првенство во историјата на ракометот. Се одржало на 5 и 6 февруари 1938 г. во салата „Германија“ (Deutschlandhalle) во Берлин, а во организација на Меѓународната аматерска ракометна федерација (ИАХФ).

На првенството учествувале само четири репрезентации. Натпреварите се одиграни по Бергеровиот систем (секој со секого). Секоја игра имала две полувремиња од по 15 минути. На сите натпревари победила Германија, со што станала и севкупен победник на првенството.[1]

Конечен исход

 Германија
 Австрија
 Шведска
4  Данска

Финале

Натпревар Исход
 Германија -  Данска 11-3
 Шведска -  Данска 2-1
 Германија -  Шведска 7-2
 Австрија -  Шведска 5-4
 Германија -  Австрија 5-4
 Австрија -  Данска 7-2
Место Земја Бод. Д Н И ДГ ПГ Раз.
1  Германија 6 3 0 0 23 9 +14
2  Австрија 4 2 0 1 16 11 +5
3  Шведска 2 1 0 2 8 13 -5
4  Данска 0 0 0 3 6 20 -14

Состав на репрезентациите

Злато Сребро Бронза
Германија Германија
тренер: Ото Г. Каундиња
Австрија Австрија
тренер: Волхелм Толар
Шведска Шведска
тренер: Херберт Јохансон
Карл Херболцхајмер
Херберт Шмит
Герард Бринтгенс
Валтер Хомке
Ханс Кајтер
Кирт Љубенов
Курт Манкопф
Ханс Обермарк
Гинтер Ортман
Герд Шауер
Вил Штајнингер
Ханс Тајлиг
Адолар Вочински
Филип Цимерман
Франц Аксман
Отон Черни
Ханс Хоушка
Зденко Кучера
Роберт Лој
Ото Лиха
Фердинанд Мантлер
Антон Первајн
Алфред Шмалцер
Алојз Шнабел
Рудолф Таушер
Јарослав Волак
Леополд Во
Свен Облад
Торстен Андерсон
Ерик Флуберг
Оке Форслунд
Стиг Јуртсберг
Стуре Хултберг
Оке Калердал
Ингве Ламберг
Роланд Нилсон
Алан Роландер
Зигфрид Шенинг
Таке Хеберг
Густаф Адолф Торен

Поврзано

Наводи

  1. Табела со резултати[мртва врска] — Меѓународна ракометна федерација (англиски)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya