За првпат ќе учествува обединета корејска екипа[3].
Данска ја освоила својата прва титула совладувајќи ја Норвешка со 31-22 во финалето[4]. Ова било второ финале за Норвешка по ред и прво финале од 1995 година помеѓу две нации кои претходно немале победи. Франција го освоила бронзениот медал по победата од 26-25 над Германија[5].
Турнирот поставил нов рекорд на гледачи со 906.283, главно поради фактот што имало две домашни екипи.
Кандидатури
Данска и Германија заеднички ја претставиле својата кандидатура за организирање на првенството, и главни конкуренти им биле Полска и Словачка/Унгарија. Меѓународната ракометна федерација на 28 октомври2013 година објавила дека на Данска и Германија ќе им биде доделена организацијата.
Формат
Ова издание забележало промена на форматот во однос на оној користен во 2011 година. 24 екипи биле поделени во четири групи, во кои првите три екипи се квалификуваат за главната рунда. Трите долни екипи од секоја група ќе играат во т.н. Претседателски куп, за да ги утврдат позициите од 13-24 место. Во главната рунда 12-те екипи биле поделени во две групи. Нивните бодови се пренесени од прелиминарната рунда против другиот квалификуван тим, а најдобрите две пласирани екипи во секоја главна рунда фаза се квалификувала за полуфиналето, додека трето и четврто рангираните екипи одиграле натпревари за соодветен пласман. Од полуфиналето, се користел нокаут-систем.
1Потемнатите години го означува првакот во овој турнир. Накосените години ја означува земјата домаќин на овој турнир.
2 Ракометниот сојуз на Јужна Кореја и Северна Кореја била повикана од МРФ да учествуваат на првенството обединети. Јужнокорејската репрезентација 11 пати претходно учествувала на Светските првенства: 1986, 1990, 1993, 1995, 1997, 1999, 2001, 2007, 2009, 2011. и 2013. године. Изворно се квалификувала како полуфиналист од Азиското првенство во 2018 година.[6]
Во почетокот намерата била првенството да се одржи во 8 градови и тоа: Копенхаген, Хернинг, Берлин, Минхен, Мајнхајм, Кил и Хамбургу. Подоцна било одлучено да се игра во шесто градови. Било одлучено финалето да се одигра во Данска.[8]
Дваесет и четири учеснички тимови биле сместени во следните четири групи. По одигрувањето и завршувањето на главната фаза, првите три екипи во секоја група се пласирале во Главната фаза. Последните три екипи во секоја група одиграле натпревари за конечен пласман.
Критериум
Доколку по три одиграни натпревари во групната фаза на овој турнир, две или повеќе екипи во групата имаат со еднаков број на бодови, завршните позиции ќе бидат утврдени според следниве критериуми по следниот редослед [9]:
број на освоени бодови на натпреварите меѓу односните екипи
гол разлика во натпреварите меѓу репрезентациите за кои станува збор
број на постигнати голови на натпреварите меѓу односните екипи (ако повеќе од две екипи завршат со еднакви на бодови)
гол разлика во сите натпревари во групата
број на постигнати голови на сите натпревари во групата