Машка ракометна репрезентација на Шведска — национална репрезентација која ја претставува Шведска на меѓународни ракометни натпревари. Репрезентацијата е управувана од шведската ракометна федерација. Најуспешни периоди шведската репрезентација имала под водство на тренерите Курт Вадмарк (1948-1967) и Бенгт Јохансон (1988–2004). Репрезентацијата предводена од Бенгт Јохансон се смета за една од најдобрите во историјата на ракометот, со играчи како Томас Свенсон, Магнус Висландер и Стефан Левгрен. Од 1990 до 2002 година, шведската репрезентација стигала до фазата на медали на секое првенство (6 светски првенства, 5 европски првенства и 3 олимпијади, освојувајќи вкупно 13 медали, од кои 6 златни).
Шведска е најуспешна земја на европските ракометни првенства со освоени 4 златни медали, и се наоѓа на врвот на табелата на медали на светските ракометни првенства со вкупно освоени 4 златни, 3 сребрени и 4 бронзени медали. Шведска е сопственик на европскиот рекорд за најмногу медали на меѓународните натпреварувања (20 медали). Спротивно на тоа, шведската репрезентација сѐ уште нема освоено златен олимписки медал и покрај четирите финални натпревари.
Одликувања
Меѓународни учества
Шампион Второпласирана Трето место Четврто место
Олимписки игри
Светски првенства
Европски првенства
Моментален состав
Состав за Европското првенство 2018.[1]
Тренер: Кристјан Андресон
Статистика
Играчите кои сѐ уште активно играат се означени со задебелни букви.
Најмногу натревари
Вкупен број на одиграни официјални натпревари.
Ажурирано на: 5 февруари 2018 Извор: handbollslandslaget.se
|
Најмногу голови
Вкупен број на постигнати голови само на официјални натпревари.
Ажурирано на: 5 февруари 2018 Извор: handbollslandslaget.se
|
Поврзано
Наводи
Надворешни врски