Северна Македонија

Северна Македонија — регион во границите на Република Македонија, кој се протега на исток до границата со Бугарија, на север до границата со Србија, на запад до планината Скопска Црна Гора, а на југ до регионот Источна Македонија.

Релјефно планините и котлините во овој регион припаѓаат на старите грамадни планини од родопскиот систем, додека реките во најголем дел припаѓаат на егејскиот слив, а помал дел на јадранскиот. Најголеми реки во регионот се Пчиња и Крива Река.

Во овој регион спаѓаат градовите Скопје, Куманово и Крива Паланка, како и етногеографските области Каршијак, Блатија, Црногорија, Жеглигово, Козјачија, Средорек, Славиште и Дурачка Река. Според македонските дијалектолози кои кратовските говори ги вбројуваат во северномакедонското наречје, и според регионалната поделба на Заводот за статистика, во регионот Северна Македонија спаѓа и градот Кратово.

Поврзано

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya