Сексуална магија![]() Сексуална магија е термин за различни видови сексуални активности кои се користат во магиски или друг вид религиозни и духовни цели. Основната премиса на сексуалната магија е концептот дека сексуалната енергија или либидото на човечкиот организам е најпотентната негова сила, а контролата на секоја етапа од сексуалната активност нуди посебно доживување на трансцендентноста на обичната реалност. Двете основни примени на сексуалната магија го користат оргазмот. Некои школи ја користат силата која се ослободува при оргазам. Еден пример на ваков тип на сексуална магија е големиот обред на Вика, ритуал кој вклучува симболичен или вистински секс. Овој спој на Високата свештеничка и Високиот свештеник го претставува спојот помеѓу божицата Девица и богот Љубовник. Употребата на сексуалната магијаКарл КелнерКарл Келнер, основачот на O.T.O., тврдел дека научил техники на сексуална магија од тројца мајстори на оваа уметност.[1] Почнувајќи од 1904 година, Келнер и О.Т.О. почнале да се појавуваат во германскиот масонски весник „Орифлејм“ (Oriflamme), а изданието од 1912 година пишува:
Алистер КроулиАлистер Кроули е еден од првите луѓе од поново време кој јавно го бранел практикувањето на сексуалната магија. Тој го отфрлил ставот на викторијанската ера кон сексот, и го шокирал британското општество со вклучување на мастурбација и хомосексуалност во своите магиски техники.[2] Кроули верувал дека потиснувањето на сексуалниот нагон е основната причина за насилно однесување, како и за другите зла на модерниот свет. Во своите „Исповеди на Алистер Кроули“ запишал дека:
Една од најпознатите ритуали е сексуалната магија која Кроули ја назначил за централен ритуал во О.Т.О., а тоа е комплетно претставување на сексуалната магија во симболична форма. Централната формула на овој ритуал е гностичката формула „ИАО“. Арнолд Крум-ХелерГерманскиот окултист Арнолд Крум-Хелер во своите трудови подучува на сексуална магија без ејакулација.[4] Самаел Аун ВеорСпиритуалниот окултист и учител, Самаел Аун Веор подучувал на сексуална магија која во принцип содржела полов однос, но без ејакулација било од страна на мажот или на жената.[5] Според него, ова е вистинскиот начин сексуалната енергија да се употреби. Магнетната индукција која се произведува со половиот однос предизвикува месечева, сончева и Акаша струја која минува низ срцето на Брама.[6][7] При тоа се ослободуваат „билиони атоми“ кои допираат до чистата Акаша.[8] Тантра јогаСексуалните обреди во Индија потекнуваат од дамна како практична обука за трансформацијата на телесните флуиди.[9] Сексуалните обреди е можно да се појавиле како церемонија за иницијација, при што се вели дека иницијантот се претвора во „син на кланот“. Мажот го претставува богот Шива, а жената божицата Шакти.[10][11] Се практикувале неколку вида на сексуални ритуали, при што и двајцата учесници постигнувале единство со свесноста на вселената. Откако тантра јогата станала популарна на Запад, сексуалната магија почнала поретко да се практикува, и преминала во психолошки симболизам.[9] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia